Средба на министерот Маричиќ со британската амбасадорка во Северна Македонија, Галовеј

24.09.2020 Новости-М

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј.

На средбата, министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка на Обединетото Кралство во досегашните напори на Северна Македонија да изгради силни, транспарентни и ефикасни правосудни органи базирани на принципот на владеењето на правото.

Министерот истакна дека овој мандат ќе се фокусира на подигнување на етичките стандарди, одговорноста и транспарентноста на судството и обвинителството како клучни предуслови за зголемување на довербата на јавноста во правосудството и изрази очекување дека Обединетото Кралство ќе продолжи со силната поддршка за реформските процеси во Северна Македонија.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2020>
повтсрчепесане
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости