Маричиќ на онлајн регионална конференција: Граѓанските организации треба да бидат вклучени во преговорите со ЕУ

25.09.2020 Новости-М

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се обрати на онлајн регионална конференција насловена како „Време на предизвици – кохезија на Берлинскиот процес и европските интеграции на Западен Балкан“.

Маричиќ се обрати во рамки во рамки на третата сесија посветена на соработката на владите со граѓанските организации.

„ Со граѓанските организации заедно се боревме за почеток на преговорите со ЕУ и поради тоа, граѓанските организации треба да ги имаме и како набљудувачи на процесот, но и како учесници во преговорите“, потенцираше Маричиќ.

Министерот истакна дека граѓанскиот сектор има огромно искуство на терен во заштитата на човековите права. особено маргинализираните заедници, но и во мониторингот врз судството и обвинителството со што директно влијаат на подобрување на работата на институциите.

„Граѓанските организации се активни и вклучени, но Владата е таа која треба да подаде рака за соработка, без разлика што граѓанските организации имаат улога да ја критикуваат и подобруваат работата на Владата“, смета Маричиќ.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2020>
повтсрчепесане
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости