Средба на министерот Маричиќ со претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани

28.09.2020 Новости-М

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ди Џовани, на која се дискутираше за подобрување на системот за правда за децата во Северна Македонија. 

Во таа насока, се дискутираше и околу подобрување на третманот на децата кои се дел од воспитно-поправниот систем и се во судир со законот, во насока на нивна рехабилитација и изнаоѓање на алтернативни форми за рехабилитација покрај институционализацијата, односно сместување во воспитно поправен дом.

Маричиќ потенцираше дека децата заслужуваат шанса во животот и дека вината за нивното несоодветно однесување и судирот со законот најчесто треба да ја бараме на друго место. Министерот додаде дека колку повеќе ги подигнеме стандардите за ресоцијализација на децата, толку похумано и погрижливо општество Северна Македонија ќе биде.

Како министер за правда, Маричиќ истакна дека ќе стори се што е во негова надлежност да ги унапреди правата на децата и истакна дека правдата за децата е дел од преговорите со ЕУ.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2020>
повтсрчепесане
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости