Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Воспитно поправен дом - Волковија
<јануари 2021>
повтсрчепесане
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7

Маричиќ од Волковија: Децата-штитеници добиваат нов Воспитно поправен дом вреден 4.000.000 евра

 

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ и заменик министерот за правда г. Агим Нухиу, заедно со амбасадорот на Кралството Холандија во Северна Македонија, г. Дирк Јан Коп, претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани, и директорот на Управата за извршување на санкциите Марјан Спасовски беа во увид на градежните работи на новиот Воспитно поправен дом во тетовско Волковија.

Станува збор за нов објект на Воспитно поправниот дом во кој ќе бидат сместени децата штитеници. Со подобрените услови се очекува значително да се подобри грижата, ресоцијализацијата и рехабилитацијата на децата штитеници. Вкупната вредност на изградбата на ВПД Тетово изнесува 253.582.000,00 денари.

Воспитно-поправен дом претставува целосно нов комплекс на објекти со површина од околу 16.000 м2, ограден со безбедносна жичена ограда, шеталишта, спортско игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет. Целосно се исполнети условите за самостојно функционирање на установата и тоа:

  • Три објекти за сместување во отворени одделенија и одделенија за засилен надзор, со нето површина од 1.920 м2,
  • Покрај сместувачките објекти изграден е административен блок со нето површина од 1.603 м2, во чии рамки е приемното одделение, одделение за посети, амбуланта за општа медицина и стоматологија, кујна, трпезарија, перална, едукативно одделение, повеќе наменска спортска сала и административен дел за вработените во установата, и
  • Објект со две работилници и гаражи за работно ангажирање на штитениците.

Оваа установа која наскоро ќе биде ставена во функција ги задоволува сите европски стандарди за сместување и работа со деца во судир со законот.

Отпадните води целосно се прифаќаат и се одведуваат до пречистителна станица.

Изградена е котларница која за погонско гориво користи лесно масло, наменета за затоплување на објектите, како и соларни панели на секој објект.


Претходна

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за адвокатура

Следна

Известување за почетокот на процесот за подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик