Нотарски испит

Секој кандидат кој се пријавува на огласот за полагање на нотарски испит треба да ги  исполнува следните услови:
      

  • да е дипломиран правник со четиригодишно високо образование или дипломиран правник кој според Болоњската декларација има 300 кредити на правни студии според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС),
  • да има положено правосуден испит и 
  • да има најмалку три години работен стаж на правни работи по положен правосуден испит или две години работен стаж во нотарска канцеларија по положен правосуден испит.