Испит за судски преведувачи

Услови што треба да ги исполнува кандидатот за поставување судски преведувач се:
- да има државјанство на Република Македонија,
- активно да го владее македонскиот јазик (за кандидатите кои своето образование го стекнале во странство познавањето на македонскиот јазик го докажуваат со диплома од средно или основно образование или потврда/уверение издадено од школска установа во Република Македонија која држи часови за македонски јазик (на пример: Филолошки факултет, Работнички универзитет и слично),

- да има високо образование (доколку е завршено во странство дипломата треба да е нострифицирана од страна на Министерството за образование и наука)
- да има уверение за активно владеење на странскиот јазик (овој доказ не е потребен доколку кандидатот има завршено високо образование за соодветниот јазик)  и

- да има живеалиште, односно престојувалиште на подрачјето на судот за коешто бара да биде поставен за судски преведувач (се докажува со фотокопија од лична карта/пасош или потврда издадена од МВР).


Проверката на знаењето се врши писмено и усно.


Огласот за проверка на знаењето на странски јазик се објавува два пати во годината во дневни весници и на WEB страницата на Министерството за правда www.pravda.gov.mk