НАДЛЕЖНОСТИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА
Сектор за управување со човечки ресурси и стратешко планирање
Согласно член 17 од Законот за организација и работа на органите на државна управа, Министерството за правда ги врши работите што се однесуваат на :
- Судството, јавното обвинителство, јавното правобранителство;
- Кривичната одговорност и одговорноста за прекршоци;
- Нотарските работи, адвокатурата и други видови правна помош;
- Наследувањето, сопственоста, стварните права и облигационите односи;
- Меѓународната правна помош;
- Извршувањето на санкциите за кривични дела и прекршоци;
- Организацијата и управувањето со казнено-поправните и воспитно-поправните установи;
- Амнестија и помилување;
- Судските вештачења, експертизи и супер-вештачења;
- Изборниот систем;
- Кривичната, прекршочната, парничната, вонпроцесната, извршната постапка;
- Вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државната управа и
- Врши други работи утврдени со закон