Листа на информации

Министерството за правда согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер   („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19) за службено лице за посредување со информации од јавен карактер ја определи:  Марина Цветковски.

Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја создало или со која располага Министерството за правда  со пополнување на образецот за Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Министерството или да го симнат тука.

Барањето за информација може да се достави во писмена форма по  пошта  на адресата на Министерството за правда, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000 Скопје,  лично во архивата на Министерството како и по електронска пошта на службеното лице :  Marina.Cvetkovski@justice.gov.mk

Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до Информации од јавен карактер на телефон: 075388720

 
 
 

Офицер за заштита на лични податоци | Политика за користење на колачиња | Политика на приватност