Имплементација на Конвенцијата на ОН против корупцијата

Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, усвоена во октомври 2003 година со Резолуцијата 58/4 на Генералното собрание на Обединетите нации, претставува единствен обврзувачки глобален анти-корупциски меѓународен инструмент.

Конвенцијата е потпишана од страна на Република Македонија, на 18-ти август 2005 година, и истата е ратификувана во април 2007 година и е во сила од 13-ти мај 2007 година.

Закон за ратификација на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата

Механизмот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата е утврден и се спроведува согласно член 63 од Конвенцијата и Резолуцијата 3/1 усвоена од Конференцијата на државите-страни на Конвенцијата на  13 ноември 2009 година.

Прегледот на имплементацијата на Конвенцијата е процес на меѓу-државен преглед кој им помага на државите-страни ефективно да ги имплементираат одредбите на Конвенцијата. Секоја од државите-страни е предмет на преглед од страна на други две држави-страни од кои една е од истата регионална група. Државите-страни кои го вршат прегледот се избираат по пат на ждребување.

Повеќе информации во врска со процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата се достапни на веб-страницата на УНОДЦ.

Со досега преземените активности од страна на Министерството за правда, особено во спроведувањето на вториот циклус на преглед, во поголем обем се применуваат добрите пракси за отвореност и транспарентност на процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата и принципите од Заложбата за транспарентност во процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, потпишана на 13-ти април 2020 година, по иницијатива на УНКАК коалицијата.

 

Заложба за транспарентност во процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (МК) (АНГ)

 

ПЛАН НА АКТИВНОСТИ за АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ кои се клучни за опсервациите дадени во Извештајот од прегледот спроведен од Црна Гора и Република Молдавија за имплементација на членовите 5-14 и 51-59 од Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата за циклусот на преглед 2016-2021 година и за НАДМИНУВАЊЕ ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ИДЕНТИФИКУВАНИ во рамки на вториот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата, 2021-2024 година.

 

 

Ревидиран ПЛАН НА АКТИВНОСТИ за АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ кои се клучни за опсервациите дадени во Извештајот од прегледот спроведен од Црна Гора и Република Молдавија за имплементација на членовите 5-14 и 51-59 од Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата за циклусот на преглед 2016-2021 година и за НАДМИНУВАЊЕ ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ИДЕНТИФИКУВАНИ во рамки на вториот циклус на преглед на имплементацијата на Конвенцијата, 2021-2024 година (Ревидиран, Август 2022 година)