Совет за ИКТ во правосудните органи

 Врз основа на член 87-а од Законот за судовите („Службен весник на РМ бр.58/06, 35/08, 150/10, 83/18, 198/18 и Службен весник на РСМ бр.96/19) и „Правилникот за составот и начинот на работа на Советот за координирање на информатичко- комуникациска технологија во правосудните органи („Службен весник на РСМ“ бр. 265/23), министерот за правда донесе Одлука за основање на Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органиво состав:

  

ЧЛЕНОВИ:

  •  Владимир Милошески, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје;
  • Даут Рустеми, судија во Апелационен суд Гостивар;
  • Иван Џолев, Основен кривичен суд Скопје;
  • Ислам Абази,  Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција;
  • Сања Пандилов, Академија за судии и јавни обвинители;
  • Сања Димовска, Министерство за правда;
  • Анита Андоноска, Судски совет на Република Северна Македонија;
  • Јелена Колева Догазанска, од Совет на јавни обвинители на Република Северна Македонија;
  • Ирина Трајкоска Стрезоска, Вишо јавно обвинителство Битола;
  • Шпенд Деваја, Врховен суд на Република Севена Македонија, Здружение на судиите;
  • Ѓорѓи Андонов, Осовен суд Штип;
  • Суат Фазлиу, Министерство за информатичко општество и администрација.

 

СЕКРЕТАР:

 

-          Теута Бериша, министерство за правда.

 

ЗАМЕНИК СЕКРЕТАР:

-          Цветанка Ацева, министерство за правда.

 

 

Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи има за цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комуникациска технологија во правосудството, како и следење, спроведување и ревизија на Стратегијата за ИКТ во правосудството.