Сектор за меѓународна правна помош
Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку
Во Секторот за меѓународна правна помош се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на склучување на двострани билатерални договори и мултилатерални конвенции од областа на меѓународна правна помош, водење на постапките за екстрадиција, трансфер на осудени лица, меѓународната правна помош во постапувањето по замолници во кривичната и граѓанската област, постапки за алиментациони побарувања, постапки за признавање и извршување на странски судски и арбитражни одлуки, и др.
Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:
- Одделение за меѓународна правна помош во кривична материја;
- Одделение за меѓународна правна помош во граѓанска материја;
Одделение за за меѓународна правна помош во кривична материја
Лице за контакт: Гордана Милевска - Раководител на Одделението за меѓународна правна помош во кривична материја
e-mail: gmilevska@justice.gov.mk
Во Одделение за за меѓународна правна помош во кривична материја се вршат следните работи и задачи:
- вршење на работите на екстрадиција;
- вршење на работите по предметите за трансфер на осудени лица, македонски државјани, кои издржуваат казна затвор во казнено-поправните установи на странски држави и на странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија ;
- известување за притвор на странски државјани во Република Северна Македонија и давање на одобрение за посета, како и за известување за притвор на македонски државјани во странски држави;
- соработка со Министерството за внатрешни работи, Казнено-поправните установи и ИНТЕРПОЛ во врска со лица кои се наоѓаат во екстрадиционен притвор и на издржување казна затвор;
- водење на статистика по предметите од екстрадиција и трансфер на осудени лица;
- постапување по замолници на домашните и странските судови во укажувањето на правна помош во кривичните предмети за казнена евиденција, во кривични предмети за кривично гонење и во кривичните предмети за отстапување на списи;
- вршење на работите во изготвувањето и склучувањето на двостраните договори во областа на меѓународната правна помош и следење на нивната примена;
- следење на ратификуваните конвенции, заради нивна имплементација при постапување по предметите од меѓународна правна помош;
- следење и примена на Европската конвенција за екстрадиција, Европската конвенција за трансфер на осудени лица и Европската конвенција за правна помош во кривичната материја со дополнителните протоколи;
- изготвување на извештаи и анализаи за Претседателот, Собранието и Владата на Република Северна Македонија од областа на меѓународната правна помош;
- соработка со дипломатско-конзуларните претставништва во Република Северна Македонија и дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странски држави во меѓународна правна помош;
- вршење прием, распоредување и заведување на пошта од областа на меѓународната правна помош согласно програмот LURIS;
- ракување со печати и штембили, вршење на административни и тековни работи и архивирање на предмети од меѓународната правна помош.
Одделение за постапување по замолници во граѓанска материја
Во Одделението за постапување по замолници во граѓанска материја се вршат следните работи и задачи:
- постапување по замолници на домашните и странските судови во укажувањето на правна помош во граѓански предмети за врачување;
- постапување по замолници на домашните и странски судови во укажувањето на меѓународна правна помош во граѓанските предмети за сослушување;
- постапување по замолници на домашните и странски судови во укажувањето на меѓународна правна помош за признавањето и извршувањето на странските судски одлуки во граѓански предмети;
- постапување по замолници на домашните и странски судови во укажувањето на меѓународна правна помош за признавањето и извршувањето на странските арбитражни одлуки во граѓански предмети;
- давање на мислење за прашања во врска со реципроцитет на странски државјани во Република Северна Македонија;
- постапување по предмети кои се однесуваат на алиментациони побарувања, согласно Њујоршката конвенција за алиментациони побарувања;
- водење статистика по граѓанските предмети;
- вршење на работите во изготвувањето и склучувањето на двостраните договори во областа на меѓународната правна помош и следење на нивна правилна примена;
- следење на ратификуваните конвенции, заради нивна имплементација при постапување по предмети од меѓународна правна помош во граѓанската материја;
- следење и примена на Хашките конвенции од областа на меѓународно приватно право каде централен орган се јавува Министерството за правда;
- изготвување на извештаи и анализи за Претседателот, Собранието и Владата на Република Северна Македонија од областа на меѓународната правна помош;
- соработка со дипломатско-конзуларните претставништва во Република Северна Македонија и дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија во странски држави при меѓународна правна помош;
- прием, распоредување и заведување на пошта од областа на меѓународната правна помош.