Врз  основа  на  член  75  ставови  1  и  2  од  Уставот  на  Република  Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат

 

УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

 

Се прогласува Законот за дополнување на Законот за парничната постапка,

што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 30 јуни

2009 година.

 

Бр. 07-2941/1                                                                                              Претседател

30 јуни 2009 година                                                                           на Република Македонија,

Скопје                                                                                              Ѓорге Иванов, с.р.

 

Претседател

на Собранието на Република

Македонија,

Трајко Вељаноски, с.р.

 

ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

 

Член 1

Во Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија бр.

79/2005 и 110/2008), во членот 418 по ставот (3) се додаваат два нови става (4) и (5), кои гласат:

„(4) Кога врз основа на веродостојна исправа доверителот може да бара од нотарот да донесе решение со кое се дозволува извршување, судот ќе издаде платен налог само ако тужителот го стори веројатно постоењето на правен интерес за издавање на платен налог.

(5) Ако тужителот не го стори веројатно постоењето на правниот интерес за издавање на платниот налог, судот ќе ја отфрли тужбата.”

 

Член 2

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија”.