ДП.бр.12-04-16/19
Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РСМ (подолу како ДК при КИРСМ) во состав: Ванчо Марковски извршител, како Претседател на Дисциплинска комсија, Николче Диневски извршител, член известител на Дисциплинска комисија на КИРСМ, Весна Богдановска судија на Основен граѓански суд Скопје, Јусуф Ајрулахи судија на Основен кривичен суд Скопје и Јасна Жежова член на Совет на Јавните обвинители на РСМ, како членови на Дисциплинска комисија, Снежана Пижевска како записничар, постапувајќи по Предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП бр.09-174 од 09.10.2019 година на Министерството за правда на РСМ, во присуство на извршителот, по одржан главен претрес на ден 24.12.2019 година, го донесе следното:
РЕШЕНИЕ
СЕ ОГЛАСУВА ЗА ВИНОВЕН извршител А.Б. од С. именуван за подрачјето на Основен суд С. 1 С. и С. 2 С.
ЗАТОА ШТО:
1. Извршителот А.Б. од С. не постапувал 5 години и 6 месеци по предметот И.бр.313/12, поточно од ден 20.05.2013 година, се до ден 22.11.2018 година извршителот не преземал никакви извршни дејствија по предмет И.бр.313/12 за да го намири побарувањето на доверителот во целост, со што постапил спротивно на член 28 став 3 и 4 од Законот за извршување; и
2. Извршителот А.Б. од С. известувањето со пресметка за состојба на предмет И.бр.313/12 го изготвил и доставил до должник по протек на 5 месеци од прием на барањето од должник Р.Е. за пресметката за наплата на побарувањето, каматата, цената за извршување, цена за извршени дејствија, награда на извршителот како и реалните трошоци и такси кои се настанати при спроведување на извршувањето, како и по протек на 2 месеци од прием на известување од доверител, со што постапил спротивно на член 40 став 1 алинеја 15 од Законот за извршување, па на извршител А.Б. од С., му се изрекува дисциплинска мерка,
ПАРИЧНА КАЗНА
-во висина од ---- евра во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на ден на изрекување, за сторена дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 17 од Законот за извршување: „извршителот не постапува според редоследот на примени барања за извршување или не преземал дејствија по барањето за извршување“, за дејствијата опишани под точка 1 од изреката на ова решение и
-во висина од ---- евра во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на ден на изрекување, за сторена дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 22 од Законот за извршување:„ по барање на странка не изготви или изготви неточна пресметка за наплата на побарувањето, каматата, цената за администрирање, цена за извршни дејствија, награда на извршителот како и реални трошоци и такси кои се настанати при спроведување на извршувањето“ за дејствијата опишани под точка 2 од изреката на ова решение.
Согласно член 62 став 1 точка в) од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16, бр.142/16 и 233/18), на изврител А.Б. му се изрекува парична казна за сторената дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 17 од Законот за извршување и му се изрекува парична казна за сторената дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 22 од Законот за извршување.
Врз основ на две утврдени поединечни дисциплински мерки, парични казни од по ----- евра во денарска противвредност, на извршителот А.Б. од С. му се одмерува и определува единствена дисциплинска мерка, парична казна во висина од ----- евра во денарска протввредност според средниот курс на НБРСМ.
СЕ ЗАДОЛЖУВА извршителот А.Б. од С., паричната казна во висина од ---- евра да ја плати во рок од 15 дена од приемот на решението, а под страв на присилно извршување.
Ова Решение е конечно.
Евентуално поведен управен спор пред надлежен суд не го одлага извршувањето на ова решение.
Образложение
На ден 16.10.2019 година до Комората на извршители на РСМ е доставен Предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП.бр.09-174 од 09.10.2019 година поднесен од страна на Министерството за правда против извршителот А.Б. од С. врз основа на Извештај од извршен надзор УПП бр. 09-174 од 23.07.2019 година и Записник од извршен надзор УПП.бр.09-174 од 12.06.2019 година спрoведен од страна на овластени лица од Министерството за правда во канцеларијата на извршителот А.Б. на ул. „---“ бр.-- во С. на ден 12.06.2019 година.
Предлогот за поведување дисциплинска постапка УПП.бр.09-174 од 09.10.2019 година од Министерството за правда на РСМ поднесен е против извршител А.Б. од С. со наводи дека сторил дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 17 и алинеја 22 од Законот за извршување:,, извршителот не постапува според редоследот на примени барања за извршување или не преземал дејствија по барањето за извршување“ и „по барање на странка не изготви или изготви неточна пресметка за наплата на побарувањето, каматата, цената за администрирање, цена за извршни дејствија, награда на извршителот како и реални трошоци и такси кои се настанати при спроведување на извршувањето“.
Во точка еден од предлогот се наведува дека извршителот сторил дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 17 од ЗИ, со тоа што извршителот по извршниот предмет И.бр.313/12 издал Налог за извршување (врз основ на член 105 и член 137 ст.1 од ЗИ) И.бр.313/12 од 17.04.2012 година и Заклучок за запирање на Налогот за извршување врз побарување по сметка кај банка сопственост на должникот Р.Е. од 27.12.2012 година, со тоа што по извршената уплата од страна на должникот Р.Е. на ден 20.05.2013 година, се до 22.11.2018 година извршителот не преземал никакви извршни дејствија по предмет И.бр.313/12, односно не постапувал 5 години и 6 месеци по предметот односно по поднесеното барање за извршување за да го намири побарувањето на доверителот во целост, со што извршителот постапил спротивно на член 28 став 3 и 4 од Законот за извршување и сторил дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 17 од Законот за извршување, односно извршителот не преземал дејствија по барањето за извршување.
Точка два од предлогот е со наводи дека извршителот А.Б. од С. по извршниот предметот И.бр.313/12, по барање од должник не изготвил веднаш пресметка за наплата на побарувањето, каматата, цената за извршување, цена за извршени дејствија, награда на извршителот како и реални трошоци и такси кои се настанати при спроведување на извршувањето, односно истата ја изготвил по протек од 5 месеци од приемот на барањето од должникот, а за која нема доказ во предметот дека истата ја доставил до должникот, со што постапил спротивно на член 65 став 1 алинеја 22 од Законот за извршување, односно по барање на странка не изготви пресметка за наплата на побарувањето, каматата, цената за администрирање, цена за извршни дејствија, награда на извршителот како и реални трошоци и такси кои се настанати при спроведување на извршувањето.
Изршителот А.Б. во својот писмен одговор доставен до Дисциплинската комисија на КИРСМ на ден 25.10.2019 година и дополнение на одговор од 19.12.2019 година, по основ на точка 1 од предлогот наведе дека од негова страна не е сторена повреда на член 65 став 1 алинеја 17, односно дека неосновано е тврдењето на подносителот дека од негова страна не се превземени извршни дејствија по поднесеното барање за извршување, од причина што веднаш по прием на барањето за извршување е започнато со преземање на извршни дејствија по предметот И.бр.313/12 се со цел наплата на побарувањето на доверителот, а сето тоа може да се согледа од доставените списи од предметот И.бр.313/12, како и од Налогот за извршување врз побарување по сметка кај банка И.бр.313/2012 од 17.04.2012 година со која е ставена забрана врз сметката на должникот Р.Е. од К. Во одговорот извршителот потенцира дека треба да се има предвид дека во тој момент на сила бил Законот за извршување кој се применува се до 31.12.2016 година, извршни дејствија спрема солидарните должници единствено се превземани согласно редоследот по кој истите биле наведени во барањето за извршување. Па следствено на тоа, најпрво се превземени извршни дејствија спрема должникот Ф. Р. од К., потоа спрема Ф. Н. од К., па потоа спрема должникот Џ. Е. од К. и согласно наведеното не може да стане збор за повреда на одредбите од член 65 став 17 од ЗИ. Во одговорот извршителот наведе дека уплатите од страна на должникот Р.Е. од ден 06.06.2012 година на износ од 5.000,00 денари, уплата од 03.10.2012 година на износ од 5.000,00 денари, како и со уплата од 216.308,00 денари на ден 20.05.2013 година, не е намирен во целост побарувањето согласно извршната исправа Пресуда 17 П1-1603/11 од 30.05.2011 година на Основен суд С. 2 С. На ден 20.05.2013 година, вкупното парично побарување било во износ од 327.825,00 денари, а не 216.308,00 денари. Во одговорот извршителот наведува дека во прилог доставува одговор од доверителот „Можности“ со кое се докажува дека од страна на должникот е пристапено кон разговори за намирување на побарувањето, направена на ден 20.05.2013 година така и во 2018 година. По однос на наведената повредата од член 65 став 1 алинеја 22 од ЗИ, извршителот во одговорот наведува дека истата ја нема сторено од причина што има постапено по барањето од должникот од ден 25.01.2019 и од ден 08.03.2019 година за издавање на спецификација, бидејќи истата ја изготвил по доставување поднесок со кој доверителот го прецизира побарувањето. Спецификацијата е изготвена на ден 10.06.2019 година и истиот ден е испратена до должникот со ЕМС Брза пратка од 10.06.2019 година. Во дополнение на одговор во врска со предлог за поведување на дисциплинска постапка, извршителот достави фотокопија од спецификација И.бр.313/2012 од 10.06.2019 година и фотокопија од повратница до должник со која се согледува дека должникот Р.Е. од К., ја примил спецификацијата И.бр.313/2012 од 10.06.2019 година.
На одржан главен претрес на Дисциплинската комисија при КИРСМ на ден 24.12.2019 година извршителот А.Б. во своја одбрана наведе дека останува кон одбраната дадена во писмен одговор и дополнението на одговорот каде има доставено известувањето и доказ за уредна достава на спецификација до должникот Р.Е. од К., а од страна на членовите на ДК при КИСМ, немаше поставено дополнително прашање за извршител А.Б. од С.
Дисциплинската комисија при КИРСМ на одржан главен претрес на ден 24.12.2019 година, ги дозволи и изведе следните докази:
- Предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП бр. 09-174 од 09.10.2019 година на Министерство за правда на РСМ;
- Извештај УПП бр. 09-174 од 23.07.2019 година на Министерство за правда на РСМ;
- Записник УПП бр. 09-174 од 12.06.2019 година на Министерство за правда на РМ;
- Достава на предлог за поведување на дисциплинска постапка до извршител А.Б. од С., во Комората заведено со дел. бр.12-4-16/2 од 17.10.2019 година;
- Одговор на Предлог за поведување на дисциплинска постапка од извршител А.Б. од С. од ден 25.10.2019 година ;
- Барање за вонреден надзор и иницијатива за покренување на дисциплинска постапка, заведено во Министерство за правда со бр. 09-174 од 03.04.2019 година од подносител Р.Е.;
- Одговор на претставка од извршител А.Б., доставено до МП на ден 25.04.2019 година;
- Одговор на претставка од извршител А.Б., доставено до Комора на извршители на ден 12.04.2019 година;
- Барање за произнесување по претставка, испратено по маил до извршител А.Б. од страна на КИРСМ на ден 08.04.2019 година;
- Барање за спроведување на извршување од доверител Шпедиција МОЖНОСТИ ДОО С. од С., застапуван од полномошник Драган Малиновски, адвокат од С., И.бр.313/12 од ден 08.02.2012 година;
- Пресуда од Основен суд С.2 С. 17.П1-1603/11 од 30.05.2011 година, со печат на правосилност од ден 05.07.2011 година и со печат на извршност од ден 02.09.2011 година;
- Решение од Претседателот на Комората на извршители на РМ, УПП.бр.12-3-71/5 од 10.06.2019 година;
- Дополнение на одговор на претставка од извршител А.Б., доставено до МП на ден 18.06.2019 година;
- Спецификација по И.бр.313/2012 од 10.06.2019 година на извршител А.Б. од С.;
- Дополнение на одговор на претставка од извршител А.Б., доставено до Комора на извршители на ден 10.06.2019 година;
- Дополнение на одговор на претставка од извршител А.Б., доставено до Комора на извршители на ден 30.05.2019 година;
- Одговор на претставка од извршител А.Б., доставено до МП на ден 03.05.2019 година;
- Барање одговор, УПП.бр.09-174 од 10.04.2019 од Министерство за правда до извршител А.Б. од С.;
- Одговор на приговор од извршител А.Б., доставено до Основен суд С. 2 С. на ден 15.04.2019 година;
- Решение ППНИ -261/19 од 16.04.2019 година на Основен суд С. 2 С.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 06.05.2019 година, за достава на Решение ППНИ -261/19 од 16.04.2019 година на Основен суд С. 2 С. до Адвокатско друштво Малиновски С.;
- Заклучок за запирање со извршување од сметка И.бр.313/2012 од 10.04.2019 година на извршител А.Б. од С.;
- Известување за долг од 10.04.2019 година од доверител Шпедиција МОЖНОСТИ ДОО С. од С., доставено до извршител А.Б. од С. на ден 10.04.2019 година;
- Прецизирање на налог за извршување И.бр.313/2012 од 03.12.2018 година на А.Б. од С., примено во Фонд на ПИОМ на ден 10.04.2019 година;
- Приговор против незаконитости при извршување од должник Р.Е., доставено до Основен суд С. 2 С. на ден 08.04.2019 година;
- Фотокопија на уплатница, за извршена уплата на износ од 216.308,00 денари од страна на Р.Е., за предмет И.бр.313/12, на ден 20.05.2013 година во Халк Банка;
- Доставница И.бр.313/2012 од 10.04.2019 година, за достава на Заклучок за запирање од с-ка до ТТК Банка АД С.;
- Заклучок за запирање на Налог за извршување И.бр.313/2012 врз основ на чл.96 од ЗИ, од ден 09.04.2019 година на извршител А.Б. од С.;
- Иницијатива за покренување на дисциплинска постапка, доставена до КИРМ на ден 05.04.2019 година од страна на Р.Е.;
- Барање за деблоката доставено од должник Р.Е., до извршител А.Б. на ден 08.03.2019 година;
- Барање за спецификација од должник Р.Е.од 23.01.2019 година, доставено до извршител А.Б. на ден 25.01.2019 година;
- Потврда од доверител Шпедиција МОЖНОСТИ ДОО С. од С., бр.08/13-112 од 04.12.2018 година;
- Налог за извршување И.бр.313/2012 од 03.12.2018 година донесен врз основ на член 141 од ЗИ на извршител А.Б.од С.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 04.12.2018 година, за достава на Налог за извршување врз основ на член 141 од ЗИ до Фонд за ПИОМ;
- Заклучок за запирање со извршување од сметка И.бр.313/2012 од 28.11.2018 година на извршител А.Б. од С.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 28.11.2018 година, за достава на Заклучок за запирање со извршување од сметка до Уни Банка АД С.;
- Налог за извршување од извршител А.Б. од С. И.бр.313/2012 од 22.11.2018 година донесен врз основ на член 96 од ЗИ ;
- Доставница И.бр.313/2012 од 28.11.2018 година, за достава на Налог за извршување врз основ на член 96 од ЗИ до Адвокатско друштво Малиновски од С.;
- Барање за информации и податоци поради спроведување на извршување И.бр.313/2012 од 22.11.2018 година на извршител А.Б. од С., за должник Џ. Е. од К.;
- Потврда од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на град К., од 22.11.2018 година;
- Барање за информации и податоци поради спроведување на извршување И.бр.313/2012 од 22.11.2018 година на извршител А.Б. од С. за должник Џ. Е. од К.;
- Податоци од службена евиденција од Агенција за вработување на РМ за Џ. Е. од К., од 22.11.2018 година;
- Налог за извршување И.бр.313/2012 од 22.11.2018 година донесен врз основ на член 149 од ЗИ, од извршител А.Б. од С.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 23.11.2018 година, за достава на Налог за извршување врз побарување по сметка кај банка, до Уни Банка АД С.;
- Барање за информации и податоци поради спроведување на извршување И.бр.313/2012 од 22.11.2018 година на извршител А.Б. од С. за должник Ф. Н. од К.;
- Податоци од службена евиденција од Агенција за вработување на РМ за Ф. Н. од К., од 22.11.2018 година;
- Барање за информации и податоци поради спроведување на извршување И.бр.313/2012 од 22.11.2018 година на извршител А.Б. од С. за должник Ф. Н. од К.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 28.11.2018 година, за достава на Налог за извршување врз основ на член 149 ст.1 од ЗИ до Адвокатско друштво Малиновски од С.;
- Налог за извршување И.бр.313/2012 од 22.11.2018 година донесен врз основ на член 149 од ЗИ, од извршител А.Б. од С. за должник Р. Е.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 23.11.2018 година, за достава на Налог за извршување врз побарување по сметка до ТТК Банка АД С.;
- Барање за информации и податоци поради спроведување на извршување И.бр.313/2012 од 22.11.2018 година на извршител А.Б. од С. за должник Р.Е. од К.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 28.11.2018 година, за достава на Налог за извршување врз основ на член 149 ст.1 од ЗИ до Адвокатско друштво Малиновски од С.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 23.11.2018 година, за достава на Налог за извршување врз побарување по сметка до ТТК Банка АД С.;
- Барање за информации и податоци поради спроведување на извршување И.бр.313/2012 од 22.11.2018 година на извршител А.Б. од С. за должник Р.Е. од К.;
- Податоци од службена евиденција од Агенција за вработување на РМ за Р.Е.од 22.11.2018 година;
- Картица за партија од НЛБ Тутунска Банка АД С. за Џ. Е. од 17.04.2013 година;
- Барање за застанување со извршување И.бр.313/2012 од 19.04.2013 година на извршител А.Б. од С.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 22.04.2013 година, за достава на Барање за застанување со извршување до Уни Банка АД С.;
- Потврда бр.03-163 од 18.04.2013 година од Основно училиште „Култура“ од с. М. општина Л.;
- Барање за податоци од должник И.бр.313/2012 од 05.04.2013 година на извршител А.Б. од С. за должник Џ.Е. од К.;
- Фотокопија од доставница од ПТТ за прием на пратка И.бр.313/2012 на ден 10.04.2013 година од страна на Џ.Е. од К.;
- Налог за извршување врз побарување по сметка кај банка И.бр.313/2012 од 05.04.2013 година од извршител А.Б. од С. за должник Џ.Е. од К.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 08.04.2013 година, за достава на Налог за извршување врз побарување по сметка до Уни Банка АД С.;
- Барање за информации и податоци поради спроведување на извршување И.бр.313/2012 од 28.03.2013 година на извршител А.Б. од С. за должник Џ.Е. од К.;
- Известување бр.87/3853 од 28.03.2013 година од Клириншка куќа АД С.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 08.04.2013 година, за достава на Налог за извршување врз побарување по сметка до Уни Банка АД С.;
- Барање за застанување со извршување И.бр.313/2012 од 22.01.2013 година на извршител А.Б. од С.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 23.01.2013 година, за достава на Барање за застанување со извршување до Уни Банка АД С.;
- Потврда од Основно училиште „Бајрам Шабани“ од К. од 21.01.2013 година, за лицето Ф. Н.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 23.01.2013 година, за достава на Барање за застанување на Налог за извршување, до Уни Банка АД С.;
- Заклучок за запирање на Налог за извршување врз побарување по сметка кај банка И.бр.313/2012 од 27.12.2012 година на извршител А.Б. од С.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 28.12.2012 година, за достава на Налог за извршување, до Уни Банка АД С.;
- Налог за извршување врз побарување по сметка кај банка И.бр.313/2012 од 27.12.2012 година донесен врз основ на член 105 и 137 ст.1 од ЗИ, од извршител А.Б. од С. за должник Ф.Н. од К.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 28.12.2012 година, за достава на Налог за извршување донесен врз основ на член 105 и 137 ст.1 од ЗИ, до Уни Банка АД С.;
- Повратница од ПТТ за достава на на Налог за извршување донесен врз основ на член 105 и 137 ст.1 од ЗИ, до должник Ф.Н. од К.;
- Барање за информации и податоци поради спроведување на извршување И.бр.313/2012 од 14.12.2012 година на извршител А.Б. од С. за должник Ф.Н. од К.;
- Известување број 87/2598 од 14.12.2012 година од Клириншка куќа АД С., за Ф.Н. од К.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 28.12.2012 година, за достава на Налог за извршување донесен врз основ на член 105 и 137 ст.1 од ЗИ, до ТТК Банка АД С.;
- Налог за извршување врз побарување по сметка кај банка И.бр.313/2012 од 17.04.2012 година донесен врз основ на член 105 и 137 ст.1 од ЗИ, од извршител А.Б. од С. за должник Р.Е. од К.;
- Повратница од ПТТ за достава на ден 20.04.2012 година на Налог за извршување донесен врз основ на член 105 и 137 ст.1 од ЗИ, до должник Р.Е. од К.;
- Барање за информации и податоци поради спроведување на извршување И.бр.313/2012 од 03.03.2012 година на извршител А.Б. од С. за должник Р.Е. од К.;
- Известување број 87/802 од 03.03.2012 година од Клириншка куќа АД С., за Р.Е. од К.;
- Доставница И.бр.313/2012 од 18.04.2012 година, за достава на Налог за извршување донесен врз основ на член 105 и 137 ст.1 од ЗИ, до ТТК Банка АД С.;
- Барање за информации и податоци поради спроведување на извршување И.бр.313/2012 од 09.02.2012 година на извршител А.Б. од С. за должник Џ.Е. од К.;
- Барање за информации и податоци поради спроведување на извршување И.бр.313/2012 од 09.02.2012 година на извршител А.Б. од С. за должник Р.Е. од К.;
- Известување бр.03-7/18-2 од 17.02.2012 од раководител Б. Јакимовски од К., за лицето Р.Е. од К.;
- Повратница од ПТТ за достава на Барање информации, до АВРМ – центар за вработување К., од 16.02.2012 година;
- Достава на предлог за поведување на дисциплинска постапка УПП бр.09-174 од 09.10.1019 на Министерство за правда, од страна на КИРСМ, ДП број 12-4-16/2 од 17.10.2019 година;
- Одговор во врска со предлог за поведување на дисциплинска постапка, од извршител А.Б. од С., ДП број 12-4-16/3 од 25.10.2019 година;
- Пресметки на камата по ЗВСЗК/ЗОО за период од 01.07.2009 до 20.05.2013 од Комерцијална Банка АД С. од ден 21.10.2019 година;
- Одговор по барање до извршител А.Б.од страна на Шпедиција МОЖНОСТИ ДОО Скопје од С., од 22.10.2019 година;
- Потврда издадена од Шпедиција МОЖНОСТИ ДОО С. од С., бр.08/13-112 од 04.12.2018 година;
- Повратница за достава на спецификација И.бр.313/2012 преку EMS брза пошта до должник Р.Е. од село Л., К., од ден 10.06.2019 година;
- Дополнение на одговор во врска со предлог за поведување на дисциплинска постапка, од извршител А.Б., доставено до Комората заведено со број ДП бр.12-4-16/9 од 19.12.2019 година; и
- Фотокопија од повраатница од ПТТ за доставена спецификација И.бр.313/2012 до должник Р.Е. од село Л., К, со печат 12.06.2019 година.
Дисциплинската комисија на КИРМ на одржан главен претрес, ги разгледа наводите изнесени во предлогот, одбраната на извршителот па ценејќи ги сите докази одделно и заедно, ја утврди следната фактичка положба:
Извршителот на ден 08.02.2012 година примил барање за извршување од доверител Штедилница МОЖНОСТИ ДОО С. од С., преку полномошник Драган Малиновски, адвокат од С., против против солидарните должници Р.Е. од село Л., К., Ф. Н. од К. и Џ. Е. од с.О., К. и завел предмет со И.бр.313/2012 врз основ на извршна исправа извршна исправа Пресуда XVII П.бр.1603/11 од 30.05.2011 година на Основен суд С. 2 С., за наплата на парично побарување, и тоа: наплата на главен долг од 186.582,00 денари, со камата согласно ЗВСЗК и ЗКК согласно ЗОО со референтна стапка зголемена за 8 процентни поени сметано од 01.07.2009 година до денот на исплатата, трошоците на постапката во износ од 12.358,00 денари и камата пресметана од денот на донесување на извршната исправа и останати побарувања, односно адвокатски и извршни трошоци. Извршителот администрирал предмет со И.бр.313/2012 и постапувајќи по барањето за извршување и согласно Законот за извршување (Сл. Весник на РМ бр.35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09 50/10, 83/10, 88/10, 171/10 и 148/2011) извршувањето го насочил најпрво спрема првиот солидарен должник наведен во барањето за извршување, Р.Е. од село Л., К., со издавање на Налог за извршување И.бр.313/2012 од 17.04.2012 година врз основа на чл.105 и чл.137 од ЗИ кој уредно го доставил до носителот на платен промет, ТТК Банка АД С. на ден 18.04.2012 година и до должникот Р.Е. од село Л. на ден 20.04.2012 година. Бидејќи до месец декември 2012 година, побарувањето на доверителот не било наплатено, извршителот на ден 27.12.2012 година издал Заклучок за запирање на Налогот за извршување И.бр.313/2012 од 17.04.2012 година спрема Р.Е. од с. Л., и постапувајќи согласно ЗИ извршувањето го насочил спрема вториот солидарен должник, Ф. Н. од К., со издавање на Налог за извршување И.бр.313/2012 од 27.12.2012 година врз основа на чл.105 и чл.137 од ЗИ кој уредно го доставил до носителот на платен промет ТТК Банка АД С. на ден 28.12.2012 година и до должникот Ф.Н. од К. на ден 02.01.2013 година. Со оглед на фактот дека со издадениот и доставениот налог до банка немало можност за наплата на побарувањето на доверителот, извршителот на ден 22.01.2013 година издал Барање за застанување со извршување И.бр.313/2012 и извршувањето го насочил спрема должникот кој бил трет наведен во барањето за извршување, односно Џ. Е. од с.О., К., со издавање и достава на Налог за извршување И.бр.313/2012 од 05.04.2013 година врз основа на чл.105 и чл.137 од ЗИ, до носителот на платен промет и до должникот, Џ.Е. од К. Солидарниот солжник Џ.Е. доставил потврда дека е вработен односно во редовен работен однос, по што извршителот на ден 19.04.2013 година изготвил Барање за застанување со извршување и барањето за одблокада на сметката го доставил до носителот на платен промет, Уни Банка АД С. и до должникот Џ.Е.
Од страна на солидарниот должник Џ.Е. од К., во два наврати биле уплатени на сметката на извршителот, износи од по 5.000,00 денари, и тоа на ден 06.06.2012 година и на ден 03.10.2012 година, а од страна на солидарниот должник Р. Е. од с. Л., К. на ден 20.05.2013 година била извршена уплата на износ од 216.308,00 денари, но побарувањето на доверителот според извршната исправа, сеуште не било намирено во целост.
Извршителот од ден 20.05.2013 година, по извршената уплата од страна на солидарниот должник Р. Е. од с. Л., К. не преземал никакви извршни дејствија по предметот И.бр.313/2012, се до 22.11.2018 година.
На ден 22.11.2018 година, извршителот А.Б. прибавил податоци по електронски пат од службената евиденција на Агенцијата за вработување на РМ, и истиот ден за должниците Ф. Н. и Р.Е.издадал Налог за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице Ф. Н., и Налог за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице за Р. Е. и налозите уредно ги доставил до носител на платен промет и до должниците. По добиена информација дека должникот Ф.Н. од К. е корисник на пензија, извршителот на ден 28.11.2018 година издал Заклучок за запирање со извршување од сметка на должник, со што била одблокирана сметката на должникот. На ден 03.12.2018 година извршителот издал Налог за извршување врз плата и други парични примања, врз основ на член 141 од ЗИ и истатиот го доставил до Фонд за ПИО на РМ.
Должникот Р.Е.на ден 23.01.2019 година изготвил Барање за спецификација на преостанат долг, која ја доставил до извршител А.Б. на ден 25.01.2019 година. На ден 08.03.2019 година извршителот примил Барање за деблокада на трансакциска сметка од должникот Р. Е., па на ден 10.04.2019 година донел Заклучок за запирање со извршување од сметка на должникот Р. Е., но во истиот не навел причина за запирање на извршувањето од сметка на должникот Р. Е. Заклучокот за запирање со извршување од сметка на должник, извршителот уредно ја доставил до носителот на платен промет ТТК Банка АД С.
На ден 10.04.2019 година извршителот во своја канцеларија примил писмено Известување од доверителот Штедилница Можности ДОО С. во кое било наведено дека вкупниот долг во Штедилницата за предмет И.бр.313/12 заклучно со 10.04.2019 година изнесува 110.087,00 денари од што: за казнена камата на главен долг се побарува 82.357,00 денари; за парнични трошоци 12.358,00 денари; казнена камата на парнични трошоци, износ од 11.147,00 денари и за изготвување на Барање за извршување 4.225,00 денари. Истиот ден извршителот изготвил Прецизирање на Налогот за извршување врз основ на член 141 од ЗИ за должникот Ф. Н. од К. и во истиот навел дека: вкупното парично побарување, извршните трошоци, побарувања според извршната исправа и камати на ден 10.04.2019 година изнесува 132.947,00 денари, а камата на неисплатените парични побарувања продолжува да тече се до конечната исплата, и дека останатиот дел од налогот И.бр.313/2012 од 03.12.2018 година, останува непроменет.
На ден 10.06.2019 година извршителот изготвил Спецификација на трошоци за предмет И.бр.313/2012 од 10.06.2019 година и истата ја доставил до Р. Е. од с. Л, К.
Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РСМ одлучувајќи по повод основаноста на наводите опишани во точка 1 од Предлогот за поведување дисциплинска постапка утврди дека извршителот ја сторил дисциплинската повреда: „извршителот не постапува според редоследот на примени барања за извршување или не преземал дејствија по барањето за извршување“, по член 65 став 1 алинеја 17 од Законот за извршување, на начин што извршителот А.Б. од С., не преземал извршни дејствија по барањето за извршување И.бр.313/2012 и тоа од ден 20.05.2013 година па се до ден 22.11.2018 година односно не постапувал по поднесеното барање за извршување за да го намири побарувањето на доверителот во целост. Со непреземање на извршни дејствија 5 години и 6 месеци по предметот И.бр.313/2012, извршителот постапил спротивно на член 28 став 3 и став 4 од Законот за извршување:„ Извршителот е должен да постапува по барањето за извршување. Со врачување на извршната исправа чие извршување се бара, извршителот е овластен да избере средства на извршување и предмети на должникот заради целосно извршување на извршната исправа.“, и сторил дисциплинските повреди по член 65 став 1 алинеја 17 од ЗИ.
Дисциплинската комисија при КИРСМ, утврди дека извршителот А.Б. од С. ја сторил повредата опишана во точка 2 од Предлог за поведување дисциплинска постапка, бидејќи извршителот известувањето со пресметка за состојба на предмет И.бр.313/12 го изготвил и го доставил до должникот по протек на 5 месеци од прием на барањето од должник Р. Е. за пресметката за наплата на побарувањето, каматата, цената за извршување, цена за извршени дејствија, награда на извршителот како и реалните трошоци и такси кои се настанати при спроведување на извршувањето, како и по протек на 2 месеци од прием на известување од доверител, со што постапил спротивно на член 40 став 1 алинеја 15 од Законот за извршување: „дава известување за состојба на предмет по барање на странките“ и сторил дисциплинска повреда од член 65 став 1 алинеја 22 од ЗИ:„ по барање на странка не изготви или изготви неточна пресметка за наплата на побарувањето, каматата, цената за администрирање, цена за извршни дејствија, награда на извршителот како и реални трошоци и такси кои се настанати при спроведување на извршувањето.“
Како во преземените дејствија од страна на извршителот се содржини сите битни елементи нa дисциплинската повреда по член 65 став 1 алинеја 17 од ЗИ и член 65 став 1 алинеја 22 од ЗИ, ДК при КИРСМ го огласи за виновен извршителот А.Б. и согласно чл. 62 став 1 т.в) му се изрече дисциплинска мерка парична казна во висина од ---- евра во денарска противредност според среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на изрекувањето зa сторената дисциплинската повреда од член 65 став 1 алинеја 17 од ЗИ, и парична казна во висина од ---- евра во денарска противредност според среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на изрекувањето зa сторената дисциплинската повреда од член 65 став 1 алинеја 22 од Законот за извршување.
Дисциплинската комисија при КИРСМ при одлучувањето, ги ценеше сите отежнителни и олеснителни околности, а како особена олеснителна околност го ценеше фактот што извршителот не е претходно дисциплински казнуван, како и фактот дека кога солидарниот должник Р. Е. од с. Л.,К. на ден 20.05.2013 година извршил уплата на износ 216.308,00 денари, од страна на доверителот Штедилница Можности ДОО С. од С. бил покриен главниот долг од 186.582,00 денари, па протекот на време не значело зголемување на камата на главен долг односно каматата на главен долг престанала да се пресметува, поради покривање на главното побарување.
ДК при КИРСМ како отежнителна околност ја зема во предвид тежината на дисциплинските повреди, како и околноста дека извршителот бил должен да постапува по барањето за извршување поднесено од доверителот и да презема извршни дејствија по предметот И.бр.313/12 во континуитет со цел намирување на побарувањето на доверителот. Исто така, ДК при КИРСМ е на мислење дека извршителот не требал да чека да измине период од 5 месеци за да изготви и достави до солидарниот должник известување со пресметка за состојба на предмет И.бр.313/12, особено кога на ден 10.04.2019 година извршителот во своја канцеларија примил писмено известување од доверителот Штедилница Можности ДОО С. во кое било наведена состојбата на вкупниот долг во Штедилницата за предмет И.бр.313/12 заклучно со 10.04.2019 година. Се согледува дека извршителот по протек на 2 месеци од прием на известување од доверител, на ден 10.06.2019 година изготвил Спецификација на трошоци за предмет И.бр.313/2012 од 10.06.2019 година и истата ја доставил до Р. Е. од с. Л., К.
Дисциплинската комисија смета дека со изречената дисциплинска мерка ќе се постигнат целите на генералната и специјалната превенција.
Дисциплинската Комисија при КИРСМ на ден 24.12.2019 година согласно чл. 58, чл.60 и чл.61 од Законот за извршување („Службен весник на Р. Македонија“ бр.72/16, 142/16 и 233/18) одлучи како во изреката на ова решение.
Согласно член 62 став 1 точка в) в.в. со член 68 став 4 од Законот за извршување се задолжува обвинетиот извршител А.Б. од С. да плати на име парична казна износ во висина ---- евра во денарска противредност по среден курс на Народна Банка на РСМ на ден на изрекување, на сметка на Комората на извршители на РСМ бр.---------- во Стопанска Банка АД С., во рок од 15 дена од прием на одлуката, а под страв на присилно извршување.
КОМОРА НА ИЗВРШИТЕЛИ НА РСМ
ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА
Претседател,
Ванчо Марковски
_______________________________
Правна поука : против ова решение извршителот има право на правна заштита со поведување на управен спор пред Управен суд на РСМ во рок од 30 дена по приемот