Бр.02-4/2
24.08.2020 година
Скопје
 
 
ЈАВЕН ПОВИК/ОГЛАС
 
Се известуваат сите заинтересирани кандидати за проследување на основна обука за медијатори дека Друштвото за интелектуални услуги ЦЕНТАР ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје ќе спроведе основна обука за медијатори, според акредитирана програма за основна обука на медијатори, издадена од Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Обуката ќе се одржи во Скопје во периодот од 03 до 26 октомври 2020 година (конкретно на датумите 03,04,09,10,11,12,17,18,23,24,25,26 октомври 2020 год).
 
 Основната обука за медијатори ќе биде реализирана според акредитирана програма за овој вид на обуки што е предуслов за полагање на испитот за медијатори за стекнување на лиценца за вршење медијаторски работи.
Обуката ќе биде организирана и согласно Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари, донесен од страна на Владата на РС Македонија во услови на работење предизвикано од ковид-кризата.
 
ЦЕНТАРОТ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје, предавањата на основната обука на медијатори ќе ги реализира во сала за состаноци во Трговски Центар Соравија Скопје, (ул. Филип Втори Македонски бр.3 Скопје), по однапред утврден распоред на часови за изведување на теоретската и практична настава. Предавањата се поделени во теоретска и практична настава во времетраење од 70 часа согласно член 47 став 1 т.б од Законот за медијација. 
 
Со измените во Законот за парнична постапка од јули 2015 година се воведе задолжителен обид за решавање на стопанските спорови кои се однесуваат на парични побарувања до 1.000.000 денари за кои е пропишано да се решаваат со поднесување на тужба пред надлежен суд. Оттука, освен поради промените во Законот за парнична постапка каде државата на тој начин дава поддршка и сака да ги растерети судовите а со тоа и да ги намали трошоците на компаниите во решавање на нивните спорови, медијацијата и поради карактеристиките кои ги има како брза, ефикасна и економична постапка, станува поатрактивна алатка за решавање на стопанските спорови и се проширува дијапазонот на работа на заинтересираните учесници во економијата кои сакаат преку полагање на испитот и исполнување на одредени критериуми пропишани во Законот за медијација и во Условите од Одборот, да вршат медијаторски работи. Медијацијата е се позастапена не само кај стопанските спорови кај кои постои законскиот задолжителен обид погоре наведен, туку од година во година е зголемен бројот на заинтересираните  и правни  и физички лица, своите спорови, кои се медијабилни, да ги решаваат по пат и со поддршка на овој начин на алтернативно решавање на споровите. 
Со овозможување на ваква акредитирана програма за следење на основна обука за медијатори, кандидатите нема да требаат повеќе да следат обуки во странство што беше случај до претходната година. Со проследување на основната обука за медијатори кандидатите се стекнуваат со право, исполнувајќи и други критериуми наведени во Законот за медијација), да го полагаат испитот за медијатори и да се стекнат со лиценца за медијатори во РМ.
 
Обуката која ја организира Центарот за посредување и консалтиг ќе биде спроведена од лиценцираните обучувачи на медијатори д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска од Скопје и Глигор Јовевски од Скопје. Предавачите, обучувачи, се експерти во полето на медијација. 
Д-р Јелисавета Георгиева Јовевска е лиценциран медијатор и лиценциран обучувач на медијатори која во последните 3 години има направено повеќе од 30 предавања-обуки на темата за медијација посебно пред стопанственици и други заинтересирани учесници, опфаќајки бројка од над 700 учесници на предавањата. Георгиева Јовевска има искуство во решавање на спорови со медијација и потпишано повеќе спогодби за медијација. Д-р Георгиева Јовевска е управител на Центарот за посредување и консалтинг од Скопје а воедно е и потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Автор е на повеќе изданија и од областа на алтернативното решавање на споровите со наслови: Моќта на арбитражата за алтернативно решавање на стопанските спорови; Медијација (промоција-афирмација-успех); Медијација како алтернативно решавање на стопанскте спорови.
Глигор Јовевски  е лиценциран медијатор и лиценциран обучувач на медијатори од Скопје има направено повеќе предавања-обуки на темата за медијација пред стопанственици и други заинтересирани учесници. Јовевски има искуство во решавање на спорови со медијација и потпишано повеќе спогодби за медијација.
 
Заинтересираните кандидати своето учество за обуката можат да го пријават со доставување на ПОПОЛНЕТА ПРИЈАВА до ЦЕНТАРОТ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје, на е-маил centar@yahoo.com или на адреса ул. Браќа Чакреви бр.25 А, Скопје. За дополнителни информации во врска со обуката можете да се обратите на следните телефони: 070/234-273 и 075/216-001.
Во прилог доставуваме акредитација издадена од Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата за спореведување на основната обука на медијатори и Образец пријава за учество на основната обука на медијатори.
 
 
Друштво за интелектуални услуги
ЦЕНТАР ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје
Д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, Управител