Почитувани,
Управата за извршување на санкциите во координација со КПД Идризово и со безбедносните органи, а врз основа на прибрани информации за безбедносната состојба во КПД Идризово, кои информации индицираа основано сомнение дека од страна
на осудени лица се превземаат недозволени активности со кои би се создале услови за организирано бегство од установата, во изминатиот период од два месеци го подигна степенот на безбедност со цел да се дојде до подетални информации и да се провери
нивната веродостојност. Како резултат на овие активности, во кругот на Затвореното одделение е детектирано потенцијалното место од каде би можело осудените лица да ги реализираат ваквите планови и таму беше дополнително зајакнато обезбедувањето.
Од причина што се работи за стари објекти од тврда градба кои се вон употреба, по спроведена постапка за јавна набавка избрана е фирма со соодветна дејност за рушење на наведените објекти. Откако е постигната согласност со Министерството за внатрешни
работи со свои сили да обезбеди асистенција при реализацијата, денес на ден 21.03.2023 година во 07.00 часот е пристапено кон рушење на детектираните објекти. Воедно се направени и повеќе ископи во кругот на одделението при што е пронајден подземен недовршен тунел во должина од околу 50-тина метри на потегот од објектите кои се рушат кон оградниот ѕид. По завршените планирани активности и реализираното рушење, во попладневните часови се на терен надлежните органи кои треба да ги истражат сите околности со цел да се утврдат сите факти до целосно расчистување на сите работи..
По добивање на подетални податоци кои можат да се споделат со јавноста, ќе бидете дополнително информирани.
Управа за извршување санкции
21.03.2023
Со почит,
Министерство за правда