Почитувани,
Управата за извршување на санкциите Ве информира дека на ден 11.07.2023 година во период околу 19 часот и 20 минути во КПУ Затвор Битола избил пожар во притворското одделение. Службените лица од КПУ Затвор Битола најпрво со ПП апарати пробале самите да го изгасат пожарот, но бидејќи не успеале веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување-СВР Битола, пожарна и брза помош. Пожарот бил за кратко време локализиран.
Дел од вработените лица биле упатени на превентивни прегледи во Клиничката болница во Битола, при што за среќа нема повредени притворени и вработени лица од Установата.
Сите притворени лица согласно наредбите на надлежните судови биле преместени во други притворски одделенија во КПУ Затвор Скопје и во КПУ Затвор Охрид, со полициска асистенција.
Надлежните истражни органи дополнително ќе ги утврдуваат можните причинители за пожарот.
Со почит,
Министерство за правда