Организација и надлежности

Согласно утврдените надлежности во Законот за организација и работа на органите на државната управа, Уредбата за начелата на внатрешна организација на органите на државната управа  и Законот за извршување на санкциите   во фебруари 2016 година донесени се Правилникот за внатрешна организација на Управата за извршување на санкциите и Правилникот за систематизација на работните места во Управата за извршување на санкциите.

  • ДИРЕКТОР
  • Сектор за нормативно-правни, општи и управни работи
    • Одделение за нормативно-правни работи
    • Одделение за општи и управни работи
  • Сектор за безбедност, третман и обука на кадри во КПУ и ВПУ
    • Одделение за безбедност и третман на осудени и малолетни лица во КПУ и ВПУ
    • Одделение за обука на кадри во КПУ и ВПУ
  • Сектор за финансиски прашања
    • Одделение за сметководство и плаќање
    • Одделение за буџетска координација и буџетска контрола
  • Самостојно оделение за внатрешна ревизија

 

  • Функција:

    Директор на Управа за извршување на санкциите

  • Име и презиме: Јовица Стојановиќ
  • Дата на раѓање:
  • Брачен и фамилијарен статус:
  • Искуства:
  • Образование:

     

    МИСИЈА

    Организирање, спроведување и надзор над законитото извршувањето на санкциите, почитувајќи ги личноста и достоинството на осудените лица согласно меѓународните стандарди, во заштитата на нивните права, ресоцијализација и нивно интегрирање во општеството.

    ВИЗИЈА

    Професионално и ефикасно организирани и управувани казнено-поправни и воспитно-поправни установи кои во континуитет обезбедуваат висок степен на ресоцијализирани и интегрирани граѓани во општеството.

    НАДЛЕЖНОСТИ НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ

    Управата за извршување на санкциите е орган во состав на Министерството за правда со својство за правно лице. Со Управата раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија по предлог на министерот за правда, за време од пет години со право на повторен избор. Со општите акти за организација и систематизација на работите и задачите се определуваат организационите единици за извршување на функциите на Управата, кои се прикажани во органограмот на Управата за извршување на санкциите.

    Согласно Законот за извршување на санкциите, Управата за извршување на санкциите ги има следните надлежнодти:

    • да го организира, спроведува и врши надзор на извршувањето на казната затвор, малолетнички затвор, алтернативните мерки, општокорисна работа и куќен затвор, заштитниот надзор изречен со одлука за условна осуда или за условен отпуст, како и воспитната мерка упатување во воспитно - поправен дом;
    • да обезбедува континуирана обука и усовршување на вработените, односно да организира обуки и да врши проверка на знаењето и способностите на вработените во казнено-поправните и воспитно поправните установи;
    • да остварува соработка со установи, здруженија и организации кои се занимаваат со проблемите на извршувањето на санкциите.