Издавање на одобренија

Министерството за правда издава одобренија за:

·         употреба на зборот „Македонија” и други зборови изведени од него како и неговите кратенки, знамето и грбот, име и презиме на историска и друга позната личност според член 48 став 1 од Законот за трговски друштва. Доколку  името на фирмата го содржи зборот „Македонија“, зборовите изведени и неговите кратенки, знамето и грбот, име и презиме на историска и друга позната личност, тогаш фирмата мора да побара одобрение од Министерството за правда.

·         издавање на одобренија за употреба на изрази кои означуваат име на државата, нејзините изведеници и кратенки, име на историски лица и места како додатоци во името на здруженијата на граѓани и фондациите, согласно член 11 од Законот за здруженија на граѓани и фондации. Здруженијата на граѓани и фондациите може да ги користат наведените имиња, изведеници и кратенки само ако побараат одобрение од Министерството за правда.

·         издавање на одобренија за употреба на државен или друг јавен грб, знаме или амблем, назив или кратеница на називот на некоја земја или меѓународна организација, за модел, мостра или услужен жиг, согласно член 126 став 3 од Законот за индустриска сопственост. Доколку фирмата сака да го заштити знакот кој содржи државен или друг јавен грб, знаме или амблем, назив или кратеница на називот на некоја земја или меѓународна организација, како и нивна имитација (со дозвола на надлежниот орган на односната држава или организација), за модел, мостра или услужен жиг, или пак ако знакот се однесува за лик или име на почината знаменита личност, мора да побара одобрение од Министерството за правда.

 Како се добива одобрение?

За да се добие одобрение, потребно е да се достави писмено барање согласно одредбите од цитираните закони кое се комплетира со основачкиот акт на правното лице и согласно Законот за административни такси. За барањето е потребна таксена марка од 50 денари и за решението со кое се решава по барањето таксена марка од 200 денари. Исто така, во барањето заради комуникација потребно е да се наведе лицето за контакт и телефонскиот број, а при подигање на решението доколку барателот не може да го подигне решението, овластува трето лице со полномошно само со негов потпис без нотарска заверка, бидејќи станува збор за претходна постапка на новоосновани правни лица.

Рокот за донесување на решенија по овие барања е веднаш или најкасно за три дена ако барањето е основано.

Надлежен сектор: Сектор за бесплатна правна помош и политички систем

 

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

·         Татјана Тасевска, tatjana.tasevska@justice.gov.mk

 

ул Димитрије Чуповски 9, Скопје