Информации за спроведување на испит за извршители

1. Секој заинтересиран кандидат треба да ги исполнува следните услови :

·         да има завршено правен факултет

·         да има работно искуство на правни работи од пет години, односно на извршни работи од три години

2. Секој заинтересиран кандидат треба да ги достави следните документи:

·         диплома за завршен Правен  факултет ;

·         потврда со која ќе докаже дека има пет години работно искуство на правни работи  или три години на извршни работи, и тоа со опис и попис според правилникот за систематизација на работните места;

·         уверение за положен правосуден испит (доколку кандидатот има положено)

·         молба со задолжителна административна такса од  50 денари, во која читко ќе бидат наведени личните генералии, точна адреса, број на телефон, домашен и од работното место, број на лична карта и единствен матичен број

·         Доказ за платени трошоци за испитот

Потребните документи (во оригинал или копии заверени кај нотар) се поднесуваат во архивата на Министерството за правда после објавување на огласот.

3. Секој кандидат треба да достави уплатница во износ од 9.000,оо денари, како доказ за платени трошоци за испитот, уплатени на жиро-сметка на Министерството за правда, број 070010014063112 со назнака за полагање на испитот за извршители, назив на примачот- Министерство за правда, банка на примачот- Народна Банка на РМ, трезорска сметка на Народна Банка број 100000000063095, приходна шифра723013, програма 10

 

За лицата кои се заинтересирани за полагање на испитот за извршители, информациите за програмата и начинот на полагање на испитот за извршители можат да ги најдат во Правилникот за програмата и начинот на полагање на испитот за извршители(“Службен весник на РМ” бр.90/2005, 142/2007, 79/2009, 101/2013)