Министерството за правда ја спроведува постапката за поставување на судски преведувачи во согласност со Законот за судовите („Службен весник на РМ" бр.58/06, 62/06, 35/08 150/2010 и 83/18) и Судскиот деловник („Службен весник на РМ" бр.66/13 и 114/14), на начин и под услови утврдени со членовите од 32 до 59.
Испитот за спроведување на проверка на знаењето на странски јазик на кандидати за постојани судски преведувачи се спроведува два пати во текот на една календарска година и тоа:
- Априлска испитна сесија за која огласот се објавува во текот на месец март и
- Октомвриска испитна сесија за која огласот се објвавува во текот на месец септември.
Огласот за проверка на знаењето на странски јазик, кој трае 15 дена од денот на објаувањето, се објавува:
- во два дневни весника (од кои едниот е на албански јазик),
Проверката на знаењето се врши писмено и усно.
Услови што треба да ги исполнува кандидатот за поставување судски преведувач се:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го владее македонскиот јазик,
- да има завршено високо образование
Потребни документи:
1. Барање – формулар кој се објавува со објавување на огласот
2. Диплома за завршено високо образование
а) доколку високото образование е завршено во странство дипломата треба да е нострифицирана од страна на Министерството за образование и наука;
б) За кандидатите кои своето образование го завршиле во странство потребно е да го докажат познавањето на македонскиот јазик со диплома од средно или основно образование или потврда/уверение издадено од школска установа во Република Северна Македонија која држи часови за македонски јазик (на пример: Филолошки факултет, Работнички универзитет и слично
в) Уверение за активно владеење на странскиот јазик (овој доказ не е потребен доколку кандидатот има диплома за завршено високо образование за соодветниот јазик или високото образование го завршил во странска држава, а сака да го полага јазикот на кој се зборува во таа држава);
3. Уверение за државјанство
4. фотокопија од лична карта/пасош или потврда издадена од МВР
5. уплатници
За трошоците за полагањето на испитот се уплаќаат 6000,00 денари и 50,00 денари за административна такса
Барањето и документите, во оригинал или фотокопии заверени на нотар (освен личната карта), со уплатниците се доставуваат во архивата на Министерството за правда. Истите може да се достават и по пошта.
Барањето може да се преземе од веб станицата на Министертвото за правда -
www.pravda.gov.mk. На истиот линк може да се најдат и примери за пополнети уплатници како и материјали во форма на примери и обрасци за подготовка на испитот.