Делегација од министерството за правда предводена од министерот за правда Михајло Маневски од 08-10-2008 до 11-10-2008 година ќе престојува во посета на Стразбур.
Министерот Маневски во Стразбур ќе се сретне со Претседателот на Европскиот суд за човекови права г. Жан Пол Коста , потоа со Генералниот секретар на Советот на Европа г. Тери Дејвис , со Комесарот за човекови права г.Томас Хамарбег, со секретарот на Венецијанската комисија г.Џани Букикио и со Генералниот директор на Директоратот за правни прашања од областа на човековите права при Совет на Европа г.Филип Боилат.