Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<април 2021>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Маричиќ: Ревидираната методологија за проширување е добредојдена

 Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на онлајн трибина насловена како „Обезбедување на механизам за владеењето на правото во контекст на проширувањето на ЕУ “, која се одржа денеска во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.

Во своето обраќање, Маричиќ го поздрави неодамна воведениот механизам за почитување на владеење на правото од страна на ЕУ, како инструмент за рано откривање и спречување на проблемите со владеењето на правото во земјите-членки. 
 
-Ревидираната методологија за проширување од 2020 година, е добредојдена, бидејќи му дава дополнителен кредибилитет, динамика и силно политичко управување на процесот на проширување, а на владеењето на правото му е дадена централна улога во процесот на пристапување. Пожелно е Европската комисијата овој механизам да го вгради во процесот на проширување, истакна Маричиќ.
 
Министерот истакна дека реформската моќ на процесот на проширување е голема, особено поради фактот дека земјите-кандидатки испорачуваат реформи кога добиваат зајакнат стимул преку мониторингот на ЕУ и партнерскиот однос на соработка. 
Токму затоа, министерот за правда смета дека отпочнувањето на преговорите е клучно во дефинирањето на темпото на реформите: “Што поскоро ги започнеме преговорите, толку подобро ќе се одрази тоа на реформите во областа на владеењето на правото“.

Претходна

Маричиќ: Успешно стартува првата фаза од попишувањето

Следна

Бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција на Игор Спасов