Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Маричиќ: Шарената револуција ни донесе слобода која сега мора да ја чуваме и унапредуваме

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес се обрати на настанот организиран од „Цивил“ по повод петгодишнината од почетокот на „Шарената револуција“. Маричиќ кажа дека борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува и дека тоа е континуиран процес. 
 
- Велевме „Нема правда – Нема мир“ и сега од позиција на министер, функција на која сум само неколку месеци, чувствувам огромна одговорност, но и задоволство што заедно со Владата работиме на зацврстувањето на правната држава и враќањето на довербата на граѓаните во правниот систем. 
 

 
За Маричиќ паролата „Нема правда – Нема мир“ е уште жива и е водилка која ни покажува дека никогаш не смееме да го изгубиме фокусот од правдата како фундамент за секое развиено и модерно општество.

Претходна

Маричиќ во Анкара се сретна со претседателот на Големото турско народно Собрание Мустафа Шентоп

Следна

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ ПРАВО