Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<октомври 2021>
повтсрчепесане
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7

Маричиќ: Со нови закони до ефикасна борба против корупцијата

 Министерот за правда Бојан Маричиќ на завршна конференција „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на Планот за борба против корупцијата“, ја истакна поддршката што Министерството за правда ја дава во спроведувањето на проектите и активностите од Акција 21 за европски стандарди дома, преку реализација на предвидената законодавна агенда и спроведувајќи ги реформите.

-Веќе е изработена физибилити студија за нов предлог-закон и во тек е процес на разработување на модел за реална контрола на потекло на имот. Се работи и на подготовката на измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси со цел, не само надминување на слабости во текстот на Законот утврдени од страна на Државата комисија за спречување на корупцијата во неговата примена, туку и унапредување на инструментите за анализа на податоци кои и се потребни на Државната комисија во вршењето на нејзините надлежности, потенцираше министерот Маричиќ.
Маричиќ додаде дека ова е општествен проблем кој не се решава преку ноќ, дека проблемот е системски и е потребно време. Борбата со корупцијата мора да биде континуирана, затоа остануваме цврсто на нашата определба и приоритет, и таа борба ќе ја добиеме.

Претходна

Маричиќ: Со многу труд решаваме децениски проблеми во правосудството, резултатите доаѓаат

Следна

Средба Маричиќ – Матуела: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе дадe позитивен импулс во општеството