Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Маричиќ му ја предаде функцијата на својот наследник Тупанчески

Маричиќ денеска во Министерството за правда ја предаде министерската функција на својот наследник проф. д-р Никола Тупанчески.


Поранешниот прв човек на Министерството за правда Маричиќ при примопредавањето на должноста, на новиот министер Тупанчески му посака среќа и успех во извршувањето на функцијата, со верување дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите кои се од круцијално значење за напредокот и евроинтеграцијата на државата.



,, Во изминатиот период со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2022 и реализирањето на законодавната агенда направивме чекор напред во функционирањето на правосудството. Верувам дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите, бидејќи од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат токму од правосудството.
Среќно колега” - напиша на ФБ поранешниот министер за правда Маричиќ.



Со почит,
Министерство за правда


Претходна

Маричиќ ја најави кампањата „Има решение“: Медијацијата е побрза и поекономична постапка

Следна

Прва официјална средба на министерот за правда, д-р Никола Тупанчески со претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми.