Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Шибеник, Хрватска

Тупанчески на Регионална конференција во Шибеник:Интегритетот е еден од најефективните механизми за спречување на корупција

 ,,Интегритетот е еден од најефективните механизми за спречување на корупцијата и е од големо значење за вршењето на судиската функција, особено заради тоа што поведението на судијата мора да ја реафирмира вербата на  граѓаните во судството”, рече во своето обраќање  министерот за правда Никола Тупанчески  на регионалната конференција на високо ниво која се одржува во Шибеник, Хрватска на тема,, Култура на интегритет-зајакнување на антикорупциските мерки”. Тупанчески ја поздрави иницијативата за организирање на форуми за вакви теми кои се од големо значење за борбата против корупцијата.

Тој се осврна и на значењето на културата на интегритет, проценка на ризиците од корупција, заштита на укажувачите и управувањето со квалитет како нови алатки и стандарди во борбата против корупцијата кои истовремено претставуваат надградба на постојните конвенционални форми и механизми во оваа област.Присутните на конференцијата беа информирани и за активностите кои ги презема министерството за правда во делот на законодавната агенда како и имплементацијата на стратешките документи кои се од голема важност за спречување на корупцијата и воспоставување институционален интегритет кој овозможува да се елиминираат можностите за појава на различни форми на корупција и неетичко однесување во јавниот сектор.

Министерот Тупанчески присуствуваше на конференцијата на покана на министерот за правда и јавна администрација на Република Хрватска, Иван Маленица  на која  учествуваа и министри за правда од регионот на Западен Балкан, како и претставници на регионални и меѓународни организации и здруженија кои се вклучени во борбата против корупцијата.


Претходна

Свечена изјава Дејан Костовски извршител

Следна

Билатерална средба на министерот Тупанчески на регионалната конференција во Шибеник со министерот за правда на БиХ, Јосип Грубеша