Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Шибеник, Хрватска

Билатерална средба на министерот Тупанчески со шефот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива, Десислава Готскова во Шибеник, Р Хрватска

Регионалната конференција ,,Култура на интегритет-зајакнување на антикорупциските мерки” беше искористена и за одржување билатерална средба меѓу министерот за правда Никола Тупачески и шефот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива, Десислава Готскова.

На средбата беше дискутирано за можностите за обезбедување на институционална поддршка на земјите кои се дел од РАИ, но и аспектите со кои е опфатена соработката, ангажманот и придонесот на РСМ во РАИ имајќи го предвид значењето од одржување и зајакнување на регионалниот пристап во реализација на мерките и активностите за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и афирмирање на интегритетот во правосудствата на земјите од Западен Балкан кои се членки на РАИ.


Претходна

Билатерална средба на министерот Тупанчески на регионалната конференција во Шибеник со министерот за правда на БиХ, Јосип Грубеша

Следна

Мисијата она ОБСЕ во Скопје ја поддржува иницијативата на Министерството за правда за подготовка на нов Изборен законик