Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Љубљана, Словенија

Министерот Тупанчески се сретна со министерката за дигитализација на Словенија, Емилија Стојменова-Дух

Тупанчески во Љубљана се сретна со министерката без ресор задолжена за дититализација, Емилија Стојменова Дух. Стојменова која по потекло е од нашата држава изрази подготвеност да ни помогне во процесот на реализација на дигитализацијата во судската и обвинителската дејност.

Министерот Тупанчески ја информираше Стојменова за  дигитализацијата во нашиот судски систем кој ќе биде  предизвик за отстранување на факторите кои доведуваат до криминал и корупција. Нагласена беше потребата од интероперабилност и поголемо дигитално поврзување на институциите.Стојменова го пренесе искуството на Словенија во оваа област нагласувајќи дека Центарот за информатика во Врховниот суд има голема улога во имплементацијата на целиот процес. Тупанчески и Стојменова-Дух се договорија да се интензивира соработката меѓу двете држави во пресрет на преговарачкиот процес со ЕУ.


Претходна

Тупанчески во Љубљана на средби со Флорјанчич, Мајцен и Прелиќ

Следна

Средба на државниот секретар Мухамед Точи и директорот на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски со Амбасадорката на Пакистан во Софија, Мариам Мадиха Афтаб.