Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2022>
повтсрчепесане
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8

Тупанчески: Стратешки приоритет на Владата е борбата против криминалот и корупцијата

 Борбата против криминалот и корупцијата претставува еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Министерот за правда Никола Тупанчески во своето обраќање на настанот „Превенција и спроведување на закони против корупција - перспективи од Франција и Југоисточна Европа“ кој беше организиран од Амбасадата на Франција во РСМ, се осврна на мерките и активностите кои ги презема Владата за превенцијата и спроведување на законите против корупција. 

 
Беа спомнати Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси , Законот за лобирање и Кривичниот Законик. Во нацртот на новиот Кривичен законик  се предвидени извесни новини кај кривичните дела против службената должност. Злоупотребата при јавни набавки ќе биде посебно кривично дело. 
 
„Во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес, од октомври 2022 година, се констатира дека државата продолжува да напредува во истрагите, гонењето и судењето на предметите на корупција, вклучително и предметите на корупција на високо ниво, а не остана незабележано и проактивното дејствување на Државната комисија за спречување на корупција. На најновата листа на Транспаренси интернешнл за Индексот за перцепција за корупцијата за 2021 година, Република Северна Македонија ја подобри својата позиција за 4 индексни поени во однос на претходната година и е на 87 место, за разлика од извештајот од 2020 година кога беше на 111 место“ рече Тупанчески.
 
Министерот за правда истакна дека Владата и Министерството за правда продолжуваат со преземање мерки за остварување на заложбите за подобра соработка и координација меѓу институциите, јакнење на институционалните капацитети и нивна отвореност за соработка со граѓанскиот сектор, како и за унапредување на меѓународната соработка, со цел ефективна борба против корупцијата.

Претходна

Покана за настан

Следна

Тупанчески: Моделот за избор на шеф на ОЈО ГОКК покажа слабости, потребни се негови измени во однос на построги правила и критериуми