Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<февруари 2023>
повтсрчепесане
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12

Министерство за правда: Заштедивме 25% електрична енергија во октомври споредено со истиот месец минатата годинa

 Министерството за правда, следејќи ги препораките на Владата за намалување на потрошувачката за електрична и топлинска енергија има направено заштеда од 25% електрична енергија во месец октомври споредено со истиот месец минатата година. Со цел рационално користење  и штедење на електрична енергија, Министерството за правда даде препораки до сите вработени да ги почитуваат мерките, да бидат внимателни и да ги зголемат напорите за штедење во периодот што следува. Стабилниот енергетски систем е потреба за сите нас. Реагенсите мора да да ги користиме рационално и да бидеме солидарни. Секоја заштеда, колку и да е минимална е важна за сите.

 
Енергетската ефикасност , односно рационалното користење на ресурсите ќе овозможи намалување на сметките, зголемување на конкуренцијата на претпријатијата, но и огромни заштеди на државниот буџет од кој понатаму се одвојуваат средствата за субвенционирање.Министерството за правда и во наредниот период ќе презема мерки за да се подобри состојбата со штедење на електрична енергија во институцијата.

Претходна

Тупанчески: Некој функционер го искористил дискреционото право овозможувајќи предвремено полагање на правосудниот испит.

Следна

Најава - Тупанчески во дводневна работна посета на Република Хрватска