Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<септември 2024>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6

Од 1 јануари 2023 година задолжително ќе се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства

Соопштение

 
Од 1 јануари 2023 година задолжително ќе се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства
 
 
 
Министерството за правда во координација со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде сите неопходни активности за обезбедување на целосна и непречена задолжителна примена на системот за управување со предмети во јавните обвинителства почнувајќи од 1 јануари 2023 година. 
 
Системот претставува основна алатка во извршувањето на основните задачи на јавните обвинителства со која ќе се обезбеди чување информации, следење и архивирање на предметите како и увид во секој момент во статусот на предметите. Со него се  обезбедува непрекинат проток на податоци а основна цел е унапредување и автоматизирање на процесите во јавните обвинителства, подобрување на протокот на информации преку дигитализација,архивирање и чување на документацијата обезбедувајќи притоа висок степен на безбедност, контрола на пристапот и автоматизирана комуникација. За соодветна примена на системот, организирани  беа и обуки на јавните обвинители и на останатите вработени .
 
 
 
Со почит,
Министерство за правда

Претходна

Тупанчески на годишен брифинг за медиумите: Ќе се носи нова Стратегија за развој на правосудниот систем 2023-2027 во која ќе бидат инкорпорирани препораките на ЕК

Следна

Информација за инцидентот кој се случи вчера за бекство на осуденик и ранет припадник на затворска полиција