Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Лога: Не ни требаат уште 10 години изолација, во ВМРО ДПМНЕ има луѓе кои ќе ја изберат иднината на државата

 Министерот за правда Кренар Лога е оптимист дека ќе се најдат потребните 80 гласа за гласање на уставните измени и ќе се отворат преговорите со ЕУ. Тој рече дека договорот меѓу Косово и Србија ќе му даде поттик и на процесот во Република Северна Македонија. Смета дека во ВМРО-ДПМНЕ има совесни луѓе кои на крајот ќе се позиционираат за иднината на државата. Лога вели дека не ни треба уште 10 години изолација како во времето на Груевски.

 

„Верувам дека во ВМРО ДПМНЕ има поединци кои се свесни за процесот што се одвива. Убеден сум, на крајот ако не се најде потребната моќ кај лидерот и поединците во ВМРО ДПМНЕ, тоа нема да недостасува и кај другите поединци. На Република Северна Македонија не и треба уште  10 години како во времето  на Груевски без перспектива. Не бегаат само албанските граѓани од оваа држава, туку и македонските граѓани бегаат од оваа држава. Не страдаат само албанските граѓани пред вратите на болниците и судовите. Кога зборуваме за монтираните случаи, кај нас се најеклатантните случаи, но во времето на Груевски имавме и македонци кои одеа во затвор поради кражба на ќебапи. Со други зборови, правдата е правда за секого, а неправдата не удира само на едната страна“, рече Лога во емисијата Клик плус на ТВ 21.

 
 
Со почит,
 
Министерство за правда

Претходна

Лога: Сериозно работиме на новиот Изборен законик, на ВМРО ДПМНЕ му понудив претседателот на работната група да биде нивен предлог

Следна

Лога: Почнавме дискусии за законот за ветинг, странските амбасадори изразуваат подготвеност за поддршка