Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Лога: Новиот граѓански законик, законот за правична застапеност, законот за сопственост и уште неколку закони се приоритет во овој мандат

 

По неколку децении Република Северна Македонија до крајот на оваа или почетокот на следната година конечно ќе го има новиот Граѓански законик. Министерот за правда Кренар Лога во емисијата Клик плус откри и други закони кои се подготвуваат или се во завршна фаза да се изгласаат за време на неговиот мандат.
 
„Едно од достигнувањата што верувам дека ќе ги постигнеме за време на мандатот е граѓанскиот законик. Граѓанскиот законик на една држава трае повеќе од две, три или четири децении. Од првите промени во 1992 година, верувам дека сме многу блиску до донесување на нов граѓански законик. Четири од пет, така нарешени, поглавја од граѓанскиот законик се готови, се очекува последното поглавје да биде завршено и верувам дека крајот на 2023 година или почетокот од 2024 година ќе биде завршен. Исто е и со Законот за помилување со кој се уредува  претседателот да нема  повеќе право да ги помилува  лицата во постапката што е во тек, или случаи за кои нема да има правосилна одлука. Ќе има два закони со кои ќе се регулира областа на катастарот, која е една од најголемите рани, особено за Албанците бидејќи немаат имотно правни работи, ќе се избегнат процедурите кои досега се одолговлекуваа и носеа многу наследнички проблеми, а голем дел од сопственоста е на име на бабите и дедовците.Кога треба да добијат дозвола за куќа, мора да поминат низ тежок процес бидејќи нивните тетки, чичковци и дедовци се во странство или починале. Со овој закон ќе се скратат роковите и ќе има новина што не сакам да ја спомнувам овде, која веќе нема да оди во второстепена комисија, во управен суд, па во второстепена управен суд, а потоа ќе донесе одлука на преиспитување и ова е бесконечно“, рече Лога.
 
Министерот за правда соопшти дека во процедура е законот за кривична постапка, законот за извршување санкции, закон со кој ќе се зајакне управата за извршување санкции со други помошни органи кои ќе помагаат да се открие како се прават овие неправилности во затворите. Лога укажа и на законот за правична и соодветна застапеност.
 
 „Тоа е закон за управување со запленет имот, тоа е закон за канцеларијата за враќање на имотот. Голем предизвик за нас останува она што го имавме во програмата „Држава за сите“ за 2020 година, каде рековме дека ние ќе го воведе законот за правична и соодветна застапеност, кој ќе биде поврзан со етничката застапеност, но и со застапеноста на помалите етнички групи и маргинализираните групи“, рече министерот Лога.
 
Со почит,
 
Министерство за правда

 


Претходна

Лога: Почнавме дискусии за законот за ветинг, странските амбасадори изразуваат подготвеност за поддршка

Следна

Лога: Состојбата во затворите е срамна, ќе интервенираме со итни мерки