Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Предлог Законот за управување со конфискуван имот,имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка наскоро во владина процедура

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу на која се разговараше за новиот предлог Закон за  управување со конфискуван имот,имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка кој наскоро ќе влезе во владина процедура. 

 
Со предложените измени се зајакнува  улогата и се зголемува одговорноста на Управниот одбор на Агенцијата, се унапредуваат  начините на продажба на конфискуваниот имот преку предвидување на дополнителни начини за продажба, се воведува  можноста за првенствено купување на сосопствениците на одземените или конфискувани предмети кои што се во сосопственост.
 
Со законот се воведуваат  соодветни рокови на постапување на Агенцијата кон другите органи, воведување на електронски регистар за водење на одземениот и конфискуван имот,  одредби со кои се органичува можноста од евентуални злоупотреби во однос на висината на цената на понудувачите, како и воведување на критериуми за дисквалификација на несовесните учесници на јавното наддавање, унапредување на одредбите со кои се уредува јавната продажба на одземниот или конфискуван имот, нормирање на постапката за управување со хартии од вредност, удели и електронски пари, привремено одземените ефективни домашни и странски парични средства, одземени предмети од историско и културно значење, скапоцени камења и благородни метали, унапредување на одредбите што се однесуваат на постапката за продажба и управување со одземените и конфискувани моторни возила, како и прецизирање на одредбите за управување со одземен имот што се состои во оружје или експлозивни материи, наркотични дроги и опасни материи. 
 
Се разговараше и за проблемот со кој се соочува Агенцијата во однос на одземените возила кои имаат наследни проблеми, односно не може да се идентификува сопственоста.
Министерот за правда Кренар Лога и директорот на Агенцијата Дритон Небиу ќе преземат повеќе активности на терен за увид во одземениот имот.
 
Со почит,
 
Министерство за правда

Претходна

Соопштение

Следна

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер