Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер

 
Уставните измени, ветингот,Изборниот законик, борбата против криминалот и корупцијата, состојбата во затворите, унапредувањето на соработката во делот на реформите во правосудството, , беа дел од темите на кои разговараа министерот за правда Кренар Лога и заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер.
 
Лога го информираше Мејер дека очекува најдоцна до 10 април сите парламентарни партии, вклучувајќи го и ВМРО ДПМНЕ да предложат свој член во работната група која ќе ги подготвува уставните измени. Очекувањата се работната група официјално да се формира до средината на месецов.
 
Во однос на ветингот , министерот за правда Кренар Лога повтори дека процесот ќе може да се реализира само со јасна поддршка од САД и ЕУ.
 
Заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на САД, Ерик Мејер беше информиран и за законите кои се во собраниска процедура, новото законско решение  за Академија за судии и јавни обвинители со кој се предлага реорганизација на приемниот испит со цел подобро оспособување на кандидатите за успешно учество во обуките, редефинирање на начинот на полагање на завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите. Се дискутираше и за политички монтираните случаи и последните случувања во КПД Идризово и другите затвори во државава.
Министерот за правда Кренар Лога потенцираше дека САД се голем пријател и стратешки партнер на Република Северна Македонија во сите демократски процеси. Договорено е соработката да се интензивира во наредниот период.
 
 
Со почит,
 
Министерство за правда

Претходна

Предлог Законот за управување со конфискуван имот,имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка наскоро во владина процедура

Следна

Министерот за правда, Кренар Лога одржа средба со амбасадорот на Република Албанија, Н.Е Фатос Река.