Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со претставници од Берлинскиот центар за интегративна медијација.

Се разговараше за примената на  Законот за медијација, проблемите со кои се соочуваат медијаторите во сферата на Националниот совет како и за  Централниот електронски регистар за евидентирање предмети на медијација.

 
Медијацијата ја надополнува судската постапка и може да започне како алтернатива на судската постапка.
 
Започнувањето, текот и завршувањето на медијацијата се одвиваат во фази што се надоврзуваат една на друга, а медијаторот обезбедува примена на принципите на доверливост, рамноправност, неутралност, транспарентност, правичност, ефикасност и ефективност.
 
На средбата присуствуваа Кристоф Лутман, управен директор на Берлинскиот центар за интегративна медијација, Елмар Лангнер, медијатор и програмски менаџер за БиХ и Мерјем Нуриќиќ Хаљета, проектен координатор на Регионален приспат и мрежа на медијатори,кои ни понудија помош за развој на медијацијата.
 
Со почит,
 
Министерство за правда

Претходна

Соопштение

Следна

Лога:Едно од решенијата за подобрување на состојбата во Судскиот совет е итно донесување на измените на Законот за судски совет во согласност со Стратегијата за реформа во правосудството