Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
КПУ ,,Идризово”

Министерот Лога во КПУ Идризово, мизерни и супстандардни услови , потребна е итна Амнестија

Министерот за правда Кренар Лога заедно со претседателот на Анкетната комисија за заштита на човековите слободи и права, Халил Снопче, членот на комисијата Драгица Ѓавочанова , дирекоторот на УИС Јовица Стојановиќ, директорот на КПУ ,,Идризово” Зоран Јовановски и заменик директорот Феми Јонузи, извршија увид и одблиску се запознаа со состојбата, условите во затворот , разговараа дирекно со затворениците и  беа информирани за проблемите со кои се соочуваат.

Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување на затворските казни, пренатрупаност , затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови.

Овие услови докажуваат зошто ни е потребен итно Закон за амнестија, со кој барем минимално ќе се растеретат капацитетите.

Се работи за луѓе. И покрај извршинетите дела  тие се луѓе и заслужуваат достоинство. Наместо ресоцијализација и враќање во нормален живот, со ваков третман состојбата на  овие лица може да се влоши уште повеќе.

Апелираме оваа состојба да не се злоупотреби за политички цели а пратениците да покажар хуманост и да дадат поддршка на Законот за амнестија.

 

Со почит,

Министерство за правда


Претходна

Амнестија за лесни кривични дела

Следна

Да го следиме примерот на БиХ, да имаме затвори кои ги задоволуваат европските стандарди