Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2023>
повтсрчепесане
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7

ЕУ и Западен Балкан остануваат посветени во борбата против организиран криминал и кпрушција

 На денешната прес конференција, министерот Кренар Лога, министерката за правда на Шпанија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Комесарот Дидиер Рејндерс изјавија дека ЕУ и Западен Балкан ги потврдија своите заложби и посветеност за постигнување напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата вклучително и преку спроведување на реформите во насока на зајакнување и унапредување на незавиноста, ефикасноста и одговорноста на правосудниот систем како предуслов за стабилно демократско општество.

 
Владеењето на правото е поставено високо на агендата на Европската Унија и земјите од Западен Балкан.
 
Фокусот ќе биде ставен на имплементација на препораките од Проектот за регионален мониторинг на судења на ОБСЕ и решавање на прашањата од  клучните области како што е борбата против организираниот криминал и корупцијата. Важноста за подобрување на ефективното процесуирање на високите случаи на организиран криминал и корупција е во насока на зајакнување на довербата на граѓаните во системот и владеењето на правото.
 
Изразија заедничка поддршка за заштита на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, како и нејзиното право на самоодбрана од руската агресивна војна. Да го вратиме мирот преку соработка, солидарност и почитување на човековите права и владеењето на правото. Најважни се нашата безбедност и просперитет кои се тесно поврзани и не можат да опстојат доколку истите не се во меѓусебна корелација.

Претходна

Соопштение

Следна

Средба Лога-Рејндерс: Нашето членство во Европската Унија дополнително ќе придонесе и кон зајакнување на довербата во правосудниот систем