Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје

 

Министерот за правда Кренар Лога одржа координативна средба со Вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, претседателите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески, шефовите на вишите јавни обвинителства и ОЈО Скопје, координаторите на поголемите политички партии, претставници од невладиниот сектор и експерти од Проектот Владеење на правото. Иако оканет беше и кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, истиот не учествуваше на денешната средбата, а поканата останува отворена за наредните состаноци како и за сите други средби и работни тела. 

Една од темите за дискусија на состанокот беше предлог Законот за дополнување на Законот за јавно обвинителство за воспоставување надзор врз функционалноста на информатичкиот систем за управување со движење на предметите.

Ова предлог законско решение претставува континуитет на она што пред мене е направено, а истовремено со самото доаѓање на функција министер за правда уште на почетокот од мојот мандат се залагам за зголемување на транспаретноста и подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавното обвинителство како најважна алка во правосудниот систем, истакна министерот Лога. 

На средбата се заклучи потребата за низготвување измени во Законот за јавното обвинителство и нов Закон за јавнообвинителската служба и се констатира дека актуелниот информатички систем има недостатоци и не ги дава очекуваните резултати. 

Во своето излагање министерот за правда предложи насоки за новите измени кои ке се разгледат од работната група која ке се формира и работи на изработка на измените. 

✓ Министерството за правда како орган на извршната власт е надлежна за обезбедување оптимални услови за функционирање на органите на правосудниот систем и поради таа причина надзорот ќе придонесе кон следење на состојбите во јавните обвинителства од екипираноста со човечки ресурси до просторните и техничките услови за функционирање на јавните обвинителства;

✓ Комисијата ќе врши надзор единствено над функционалноста на системот и начинот на распределбата на предметите, а не и увид во самите предмети. На тој начин нема да се наруши независноста на јавното обвинителство;

✓ Комисијата за надзор во записникот предлага препораки за подобрување на условите во јавните обвинителства што претставува добра основа за преземање натамошни активности за подобрување на состојбите во правосудниот систем; 


Претходна

Забелешки на МП на Извештајот за работата на Јавните обвинителства на Република Северна Македонија

Следна

Прва конститутивна седница на работната група за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет.