Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2023>
повтсрчепесане
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7

20 Ноември-Светскиот ден на детето

Почитувани

По повод 20 Ноември-Светскиот ден на детето, учениците од ООУ,,25 Мај “-Ченто, ООУ ,,Гоце Делчев”-Центар  и децата на вработените во Министерството го посетија Министерството за правда и се запознаа со начинот на работа и функционирањето на оваа институција.

Министерот за правда Кренар Лога ги прими децата во својот кабинет, им даде подароци и ги слушна нивните желби и потреби. Им порача дека не треба да бидат пасивни туку активни во општеството. Да дебатираат меѓу себе, да кажат кога не се согласуваат, да имаат емпатија и да бидат солидарни.

Децата се интересираа за правдата, нивните права и обврски, како и за многу интересни теми поврзани со правниот систем. 

За да се обезбеди подобра заштита на децата неопходно е заедничко дејствување на сите надлежни институции како и преземање на обврските и одговорностите кои се предвидени во Конвенцијата за правата на детето.

Детето секогаш може да ги научи возрасните на три работи: да бидат среќни без причина, секогаш да бидат зафатени со нешто и да знаат како со своите сили да го бараат она што го сакаат.

Фотографиите се објавени со согласност на родителите.

 


Претходна

Лога го покани ВМРО-ДПМНЕ да раководат со РГ за измени на Законот за јавното обвинителство

Следна

Кренар Лога се сретна со првата генерација на студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза„- Скопје