Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<јануари 2025>
повтсрчепесане
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9

На ЕНЕР е објавен Нацрт законот за заштитено пријавување и заштита на укажувачи

Заради усогласување со ЕУ Директивата 2019/1937 и надминување на недостатоците во Законот за заштита на укажувачи подготвен е Нацрт-закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи. Нацрт-законот е објавен на ЕНЕР заради спроведување на јавната консултација. 

Ве повикуваме да учествувате во процесот и до 24 декември 2023 година до Министерството за правда (адреса за е-пошта: mpsorabotka@mjustice.gov.mk) да доставите коментари и предлози за подобрување на текстот кој како предлог на закон се превидува да се достави до Владата. 

Нацрт-законот содржи одредби за надминување на идентификувани недостатоци кои придонесуваат за незадоволителна примена на Законот за заштита на укажувачи. 

Со него е предвиден  широк персонален опфат и материјален опфат на заштитеното пријавување, се проширува и опфатот на лица со право да бараат заштита од одмазда (поради обид или извршено заштитено пријавување или укажување), а се рационализира опфатот на субјектите во јавниот и приватниот сектор за кои се предвидува обврска да воспостават канал за заштитено внатрешно пријавување. 

Законот содржи  одредби за обезбедување пристапност и достапност на заштитеното пријавување, со пристап заснован на човековите права.

Покрај тоа, вградени се одредби за обезбедување непреченост и независност во работата на овластените лица за прием на пријави од укажувачи и за уредување на постапувањето по примените пријави од укажувачи, како и и одредби за ефективен надзор и редовна оценка на спроведувањето на законот, за да се следи остварувањето на неговите цели - заштита на јавниот интерес, преку овозможување, олеснување и охрабрување на заштитеното пријавување.

 

Со почит

Министерство за правда


Претходна

Министерот за правда Кренар Лога се сретна со претставници на Здружението на портали,onlinemedia.mk

Следна

Лога: Смртната казна е забранета кај нас, но мислам дека би била спас за тие монструми