Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<февруари 2024>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10

Министерот за правда Кренар Лога очекува позитивен одговор од Турција за екстрадицијата на Љупчо Палевски

 Барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски- Палчо, осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14 – годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, денес ќе биде испратено во Турција.


Министерот за правда Кренар Лога  во изјава за медиуми посочи дека барањето е потпишано од негова страна и преведено на турски јазик.
,, Сите списи од Министерството беа преведени на турски јазик. Денеска до крајот на работниот ден исто така и од Јавното обвинителство ќе бидат преведени и веднаш ќе биде пуштено и преку електронската пошта, и преку нашата амбасада . Верувам дека после добивање на нашето барање ќе контактираме и директно со министерот за правда од Република Турција. Турција е стратешки партнер на Македонија за многу други побитни прашања од ова. Јас верувам дека за релативно кратко време ние ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас да го докажува тоа што се случи“, рече министерот за правда Кренар Лога.

На новинарско прашање колку би траела постапката, министерот Лога одговори дека тоа зависи од постапките во Турција.

„Не знам колку ќе ги искористи тие правни лекови да се жали или не. Не можам да кажам колку би траело во овој момент без да ги знам постапките во Турција“, рече министерот Лога.


 


Претходна

Помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда.

Следна

Лога : Нам ни е потребен регистар на дипломи за да нема злоупотреби и корупција во високото образование