Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<февруари 2024>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10

Лога : Нам ни е потребен регистар на дипломи за да нема злоупотреби и корупција во високото образование

Корупцијата во високообразовните установи, ги разорува општествените вредности, преку несигурност во примената и доследноста на мерилата и ослабување на институциите, што на крајот се манифестира во падот на квалитетот на живеење. 

Министерот за правда Кренар Лога во својата панел дисусија на тема,, Корупција во Високо образование” рече дека се поразителни високите перцепции за корупција во високото образование.
 
Формите на корупција во високото образование може да бидат различни , од активен и пасивен поткуп, до тргување со влијанија, злоупотреби во јавни набавки, постапки на селекција, вработување и унапредување, акредитирање, како и практики на непотизам и кронизам.
 
Министерот Лога порача Академската заедница сама да ги прочисти своите редови и да го зачува својот интегритет и углед и дека ни е потребен регистар на дипломи за да нема злоупотреби и корупција во високото образование.
 
Во евиденцијата на карактеристични предмети за случаи на корупција се наоѓа и предметот за случајот „Еразмус“, случај каков не смееме да дозволиме повторно да се случи.  
 
Во истражување спроведено во 2022 година за извештај објавен од ОБСЕ од истражување на перцепцијата за родовите форми на корупцијата во високото образование во Република Северна Македонија, 84 % од испитаниците студенти сметаат дека корупцијата е проблем во високото образование во нашата земја, додека шест од десет испитаници истата ја проценуваат како голем проблем.
 
Како главен поттикнувач на корупцијата во високото образование се издвојува наставно-научниот кадар (професори, доценти, асистенти).
 
Министерството за правда, во соработка со Министерството за образование и наука, иницира и изразува поддршка за спроведување на соодветни активности за развој на систематски и национални јавни образовни програми за високото образование кои ќе придонесуваат за нетолеранција на корупција.

Претходна

Министерот за правда Кренар Лога очекува позитивен одговор од Турција за екстрадицијата на Љупчо Палевски

Следна

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти