Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Загреб, Хрватска
<јануари 2025>
повтсрчепесане
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Внимателно да се следат ризиците за појава на корупција и да се преземет мерки за нивна превенција

 

Заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ се обрати и на вториот ден на меѓународната конференција која се одржува во Загреб ,, Иднината на проширувањето на ЕУ:Правосудство и темелни права “.

Говорејќи за корупцијата, Мадиќ посочи дека ефикасната превенција и борбата против корупцијата подразбира заштита на јавниот интерес и вредностите на демократското општество, а за таа цел и јакнење на интегритетот во институциите.

,,Од примарна важност е обезбедувањето на условите за јакнење на интегритетот на човечкиот фактор во судството, јавното обвинителство и јакнење на системот за одговорност и транспарентност, во согласност со принципите на владеење на правото. Оттука, неопходно е внимателно да се следат ризиците за појава на корупција,проактивно да се спроведуваат активности за превенција на корупцијата  и да се реализира бескомпромисна политика на репресија на корупцијата “,порача Мадиќ.

Комплексноста и софистицираноста на современите форми на корупција, развиени како резултат на глобалниот општествен и технолошки развој, нè повикува на градење иновативни стратегии за ефективна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата, со вклучување на современи алатки.

Во Република Северна Македонија воспоставена е сеопфатна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата.

Во правната рамка за спречување на корупцијата во поголем обем се вградени меѓународните стандарди и добри пракси.

Не можам да живеам со корупција и лаги. Ако средбата помеѓу Ројда и Корај биде целосно фер и искрена, животот ќе им биде многу добар

 

:)


Претходна

Мадиќ-Банчук во Загреб: Даваме поддршка на враќање на мирот во Украина и заштита на меѓународниот поредок.

Следна

Министерството за правда го донесе Годишниот оперативен план за 2024 година за имплементација на вториот Национален акциски план на РСМ за имплементација на Резолуцијата на ООН 13/25 ,, Жени, мир и безбедност (2020-2025).