Министерот Лога бара, Уставниот суд по службена должност да постапува и со другите прописи во државата кои се објавени во спротивност со уставниот рок во член 52 од Уставот.
Непреземањето на соодветни дејствија со цел обезбедување на почитување на уставниот рок, за кои Уставниот суд, знаел или можел да знае, претставува основа за кривична одговорност.
Од наша страна беше најавено дека со отворањето на Пандорината кутија, Уставниот суд треба да постапува ретроактивно и за другите подзаконски акти каде не е почитуван уставниот рок, по примерот на Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи.