Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk

Состанокот на високите претставници за правда и внатрешни работи (СОМ), во организација на Претседателството со ЕУ и Советот на ЕУ

На 16 април 2024 година се одржа Состанокот на високите претставници за правда и внатрешни работи (СОМ), во организација на Претседателството со ЕУ и Советот на ЕУ. 
На состанокот од Министерството за правда учествуваа Никола Прокопенко, државен советник, и Бојана Босилкова, раководител на Одделението за преговори и интеграции во Секторот за ЕУ. 
Во рамки на сесијата за правда беа опфатени следните теми: Дигитализација на правосудните системи, условите во затворите и алтернативите мерки. 
Претседателството истакна дека соработката со партнерите од Западен Балкан е од приоритетно значење за ЕУ. Од страна на ГД НЕАР беше истакнато дека проширувањето е меѓу политичките приоритети на ЕУ, и притоа беше известено и за новиот финансиски инструмент на ЕУ кој е обезбеден за земјите од регионот за поддршка на реформите. Белгиското Претседателството се осврна на дигитализацијата како врвен приоритет на агендата на ЕУ и во наредните години. 
Од наша страна беше известено за активностите за интегрирање на информатичката технологија во правосудството. Воедно, беше известено и за новата Стратегија за развој на правосудството 2024-2028, каде се нагласува потребата од користењето дигитални алатки.
Високите претставници дискутираа и за улогата на алтернативните мерки во казнената политика како и за активностите реализирани во поглед на подобрувањето на условите во затворите. ЕУ информираше  за препораките за процедуралните права за осомничените и обвинетите лица.
Од наша страна беше известено за алтернативните мерки во нашиот кривично-правен систем кои придонесуваат да се намали пренатрупаноста во затворите. Во рамките на алтернативните мерки беше нагласена улогата на пробациската служба која беше формирана во 2015 година. 
Во однос на справувањето со пренатрупаноста во затворите, нашите претставници на состанокот известија за активностите за подобрувањето на условите во затворите и градбата на нови објекти. Дополнително, претставниците на ЕУ беа известени за усогласувањето на законите со меѓународните стандарди во однос на процедуралните права на обвинетите.

Претходна

Комората за вештаци денеска одржа Основачко собрание

Следна

Соопштение за екстрадицијата на Палевски