Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје

Филков -Агелер:Поддршка за реформите во правосудството и забрзување на евроинтегративниот процес

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Н.Е. Анџела Агелер на која се разговараше за спроведување на реформските заложби, засилување на борбата против криминалот и корупцијата, состојбите во правосудството,затворите  како и обезбедување на услови за непречено спроведување на предвидените активности.
Амбасадорката Агелер му посака успешна работа на Филков и очекува реализација на реформската законодавна агенда.
Министерот за правда Игор Филков порача дека промени мора да се испорачаат брзо затоа што граѓаните бараат  резултати.
САД се наш најголем стратешки партнер и силен сојузник за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската унија.
На средбата беше потврдена заложбата и посветеноста за натамошно развивање на билатералните односи меѓу двете земји како и продолжување на досегашната соработка.

 


Претходна

Филков во посета на КПУ Идризово - Состојбата во затворите е алармантна

Следна

Министерот за правда Игор Филков упати честитка до aмбасадорката на САД , Н.Е. Анџела Прајс Агелер по повод 4 Јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.