Министерот за правда Игор Филков упати честитка до aмбасадорката на САД , Н.Е. Анџела Прајс Агелер по повод 4 Јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.
,,Благодарност за силната и континуирана поддршка за консолидирање на мирот, демократијата и стабилноста во регионот, како и за остварување на стратешките надворешно-политички цели на Република Северна Македонија.
Да го негуваме и понатаму големото пријателство, заеднички да се справуваме со сериозните предизвици на денешнината и партнерски да работиме на создавање подобра иднина, мир и развој.
Односите и соработката со САД и натаму остануваат да бидат највисок приоритет на нашата држава преку унапредување на пријателството и одржување на континуиран политички дијалог”,пишува во честитката.