Почитувани,
Обврските на Министерството за правда кои беа објавени од Ваша страна се превземени од ЕСПЕО системот со состојба 30 јуни и се однесуваат на редовното финансирање на политичките партии за 2023 година во износ од 386.602.809,00 денари и 1.131.850,00 денари недоспеани обврски.
Притоа, 98% од салдото на доспеаните обврски или 379.214,295,00 денари веќе беа книжени на расходно конто 463170- Трансфери до политички партии , креирани на 20 јуни 2024 година а платени на 4 јули 2024 во износ од 379,214.295,00 денари. Останатите 8.520.364, 00 денари беа редовни тековни обврски кои се плаќаат согласно рок на доспеаност.
Доколу ги анализирате состојбите на обврските на Министерството за правда пријавени во ЕСПЕО системот на 31 јули ,ќе утврдите дека се јавува салдо од 89.241.261,00 денари доспеани обврски и 516.335,00 денари недоспеани обврски.
Од нив, 95% или 85.577.296,00 денари повторно се однесуваат на расходно конто 463170 - Трансфери до политички партиии и истите се процесуирани за плаќање по усвоениот ребаланс на буџетот а останатите 4.180.301,00 денари се редовни обврски кои се процесуираат тековно.