Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
cabinet@mjustice.gov.mk, pr@mjustice.gov.mk
Скопје
<јануари 2025>
повтсрчепесане
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со претставници на Националната Конвенција за ЕУ во РСМ (НКЕУ-МК)

 Долгогодишната успешна соработка меѓу НКЕУ-МК и Министерството за правда како и потврдена заложбата за нејзино продолжување во доменот на реформите и градењето на правната држава беа теми на разговор меѓу министерот за правда Игор Филков со  координаторката на Конвенцијата, проф. д-р Милева Ѓуровска, копретседавачот од Европското движење во Република Северна Македонија, Мухамед Халили  и координаторката на РГ-3 – Правосудство и фундаментални права, проф. д-р Александра Деаноска Трендафилова

 
Националната конвенција за ЕУ претставува платформа која дава можност на поширок круг на субјекти од научната и стручната област, граѓанскиот сектор и надлежните институции на државата да бидат дел од овој демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со Пристапните преговори за членство во Европската унија.
 
На средбата се разговараше за планираните активности на НКЕУ во делот на Поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права и работните сесии кои се планирани да се одржат до крајот на годината.

Претходна

Прва јавна расправа за Предлог законот за кривична постапка

Следна

Министерството за правда и дел од странска експертска јавност заедно ќе работат на надминување на проблемите на одредени процеси во правосудството